Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Големо поевтинување на руската нафта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
nafta-mazut

Цената на руската нафта „Уралс“ во ноември паднала дури 23 отсто под цената на барел Брент на лондонскиот пазар, соопшти Руската централна банка во својот нов извештај за финансиска стабилност. Разликата меѓу двете референтни марки значително се продлабочила во однос на летните месеци, кога дисконтот се движеше околу 15%.

— реклама —

Според извештајот, минатиот петок барел Уралс изнесувал 52,8 долари, што е пад од 22,8% во однос на почетокот на април. Истовремено, Брент се тргуваше по 62,56 долари, или 11,7% поевтино отколку на стартот на април.

— реклама —

Руската централна банка наведува дека падот е директна последица на новите американски санкции. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп во октомври воведе санкции за енергетските гиганти Лукоил и Роснефт, компании што произведуваат околу 5% од светската нафта.

— реклама —

Потпретседателот на Централната банка, Алексеј Заботкин, изјави дека ваквиот голем пад е „привремен феномен“, како што се случило и во 2023 година, додавајќи дека руските извозници лани успеале да воспостават нови рути и да се прилагодат.

Падот на глобалните цени ја намали и заработката од енергентите. Рускиот буџет од јануари до октомври инкасирал 7,5 билиони рубли (92,7 милијарди долари) од нафта и гас – 21,4% помалку отколку лани во истиот период.

Министерството за финансии очекува дека само во ноември приходите ќе бидат за 590 милиони долари пониски од планираното.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 15 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 17 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 19 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања