Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Подготовка за сезоната: Водно се уредува за поголема безбедност и подобар престој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-libraryl5mpf6vq0skcd9jNIGf

Град Скопје започна засилени активности за уредување и одржување на Водно поради зголемена посетеност. Се кастри вегетација и се уредуваат/прошируват велосипедските патеки на 2,5–3 м, во должина од 5 км, за поголема безбедност и удобност. Наложена е целосна реконструкција на урбаната опрема (клупи, канти, мостчиња, патеки). Летоска ќе има и спасители-волонтери во соработка со Црвен крст, додека екипи од јавните претпријатија секојдневно работат на терен.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Водно се подготвува за зголемената посетеност, а Град Скопје започна засилени активности за уредување, одржување и подобрување на условите за престој во парк-шумата која важи за едно од најпосетените места за рекреација во главниот град.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски порача дека Водно претставува значајно природно богатство и простор од особено значење за граѓаните. „Водно е местото каде што граѓаните го наоѓаат својот мир, свеж воздух и природна убавина што го збогатува секојдневието. За скопјани - засолниште, инспирација и неизбежен дел од секојдневието“, наведува тој.

— реклама —
media-libraryspio2ap5sia94UL0Bka

Во рамки на тековните активности, веќе неколку дена се спроведува кастрење на нараснатата вегетација, како и уредување на велосипедските патеки, кои се прошируваат на ширина од 2,5 до 3 метри, со вкупна должина од пет километри. Со ова, според надлежните, значително се подобрува безбедноста и удобноста за сите посетители.

Паралелно, издаден е налог до ЈП Паркови и зеленило за целосна реконструкција на урбаната опрема. „обновување на клупите, кантите, мостчињата, патеките и останатите елементи, со цел Водно да добие уреден, безбеден и современ изглед, достоен за сите посетители“, стои во објавата.

— реклама —
media-libraryomuh258pcs3p0BFWI5q

Во насока на зголемување на безбедноста, најавено е и присуство на спасители-волонтери во текот на летниот период, во соработка со Црвен крст на Македонија, кои ќе бидат подготвени да интервенираат во случај на непредвидени ситуации.

Активностите на терен ги реализираат екипи од јавните претпријатија, кои секојдневно се ангажирани во одржување и уредување на просторот, со засилен интензитет токму во периодот кога посетеноста на Водно се зголемува.

„Остануваме посветени на заштитата и унапредувањето на Водно како едно од најзначајните природни богатства и омилено место за рекреација на граѓаните“, наведува Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykq1gksg7cfbk7arLqAu

(Фото) Водно без тротоари: Родители најавуваат протест ако нема реакција, бидејќи децата им одат по улица поради паркирани возила

Скопје | пред 12 часа

— реклама —
zicnica-696x463

Жичницата на Водно ќе биде во прекин неколку дена

Скопје | пред 2 дена

44954278_1480792018717983_2307963765280210944_n

Ветерот ја сопре жичницата на Водно, ЈСП најавува нормализација кога ќе се подобрат условите

Скопје | пред 4 дена

media-libraryvpjsjucbguem8sOwC7i

(Видео) Расправија помеѓу планинари и велосипедист на Водно заврши со викање полиција

Скопје | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања