Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВОДНО

media-librarykq1gksg7cfbk7arLqAu

(Фото) Водно без тротоари: Родители најавуваат протест ако нема реакција, бидејќи децата им одат по улица поради паркирани возила

Жители на Водно испратија јавна реакција до институциите, предупредувајќи на сериозни безбедносни ризици за децата кои секојдневно се движат кон училиштата „Кочо Рацин“ и „Киро Глигоров“.Според нив, улицата „Питу Гули“ е небезбедна за пешаци, особено за учениците, поради недостиг на функционални тротоари и честите сообраќајни несреќи.„Децата не можат да стигнат до училиште без да го ризикуваат животот. Тротоарите ги нема, а таму каде што постојат се блокирани од нелегално паркирани возила, контејнери, градежни огради и друга инфраструктура“, наведуваат жителите.Тие посочуваат дека улицата станала алтернативна рута за возачи кои го избегнуваат метежот и сообраќајниот надзор, што дополнително ја зголемува брзината и ја намалува безбедноста.„Населбата е претворена во обиколница. Возилата се движат со голема брзина, а пешаците, меѓу кои и деца, се принудени да се движат по коловозот“, стои во дописот.Жителите поставуваат директни прашања до Министерството за внатрешни работи, Град Скопје и Општина Центар, барајќи објаснување зошто не се преземаат мерки за ослободување на тротоарите и зошто не се спроведуваат сообраќајни решенија.„Зошто нелегалното паркирање е поважно од животот на децата? Зошто не се постапува по закон? Зошто се одбива сообраќајното решение за Водно?“ прашуваат тие.Како итни мерки, бараат расчистување на тротоарите, поставување столбови за нивна заштита, обележување пешачки премини, поставување лежечки полицајци и воведување еднострано зонско паркирање.Жителите најавуваат дека доколку во рок од седум дена не добијат конкретен план и не започне реализација на мерките, ќе ја блокираат улицата „Питу Гули“.„Овојпат не чекаме. Ако се случи трагедија – одговорноста ќе биде јасна и јавна“, предупредуваат тие.

Скопје | пред 12 часа

zicnica-696x463

Жичницата на Водно ќе биде во прекин неколку дена

Жичницата „Милениумски крст“ нема да биде во функција во периодот од 21 до 24 април поради редовна техничка контрола, информираат од ЈСП Скопје.Како што соопштуваат од претпријатието, контролата ќе ја вршат стручни тимови од австриската компанија „Допелмаер“, која е производител на системот.Од ЈСП посочуваат дека од 25 април, односно сабота, жичницата ќе продолжи со редовно превезување на патници согласно вообичаеното работно време.Од претпријатието апелираат за разбирање од страна на граѓаните додека трае прекинот.

Скопје | пред 2 дена

44954278_1480792018717983_2307963765280210944_n

Ветерот ја сопре жичницата на Водно, ЈСП најавува нормализација кога ќе се подобрат условите

Жичницата на Водно денеска не сообраќа поради засилен ветер, информираа од ЈСП Скопје.Од претпријатието посочуваат дека јачината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за нормално функционирање, поради што е донесена одлука за привремен прекин на работата.„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и веднаш штом ќе се создадат соодветни временски услови, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници“, велат од ЈСП.Жичницата кон Водно важи за една од најпосетените рекреативни атракции во Скопје, особено за време на викенди и празници, а ваквите прекини најчесто се воведуваат од безбедносни причини.

Скопје | пред 4 дена

media-libraryasevv04nqp26dYcoyxm

„Обележувањето на Водно е хаос – безбедноста е на раб, пешакот ги штити децата, ама системот потфрла!“, вели Ина Многуфина

Случката на Водно, каде дојде до жестока расправија меѓу планинар и велосипедист, предизвика бројни реакции во јавноста, а меѓу нив и на инфлуенсерката Ина Многуфина, која укажа на пошироките проблеми со безбедноста и однесувањето на терен.Таа посочи дека обележувањето на патеките на Водно е несоодветно и дека на истите се движат голем број пешаци, меѓу кои и деца, што ја зголемува опасноста од несреќи.„Точно е дека обележувањето на стазите на Водно е ужас и точно е дека по стазата каде се качуваат луѓето има многу деца. За беља се потребни секунди. Пешакот го разбирам, си ги штити децата“, наведува Многуфина.Во однос на велосипедистот, таа оценува дека можел да реагира поинаку, но не го направил тоа на агресивен начин.„Детево со точакот можеше да биде безобразно и да помине, но не беше“, додава таа.Сепак, според неа, најпроблематичен е односот на родителот кој, како што вели, испраќа погрешна порака.„Најголем проблем е што родителот му вика ‘мува да не те лази, уживај си, не доаѓа полиција за тоа’. Реално, доаѓа полиција ако се работи за загрозување на безбедност“, истакнува Многуфина.Таа предупредува дека ваквото охрабрување кај децата создава чувство дека се недопирливи, што може да има последици, особено во ситуации со потенцијален ризик.Дополнително, посочува дека и објавувањето на видеото од настанот може да биде спорно од правен аспект, согласно новите законски измени.Случајот повторно го отвори прашањето за безбедноста на Водно, обележувањето на патеките и потребата од јасни правила за користење на просторот од страна на пешаците и велосипедистите.

Коментари | пред 4 дена

media-libraryvpjsjucbguem8sOwC7i

(Видео) Расправија помеѓу планинари и велосипедист на Водно заврши со викање полиција

Жестока расправија помеѓу рекреативен планинар и велосипедист избила на Водно. Ова доаѓа откако на патеката каде во главно граѓани се движат пешки, младо момче се спуштало со велосипед. Ова за еден од планинарите претставувало загрозување на животот на тие што пешачат, па по расправија, повикаа и полиција.Велосипедистот пак, кој го објави видеото, рече дека нема никаков знак дека патеката е само за пешаци, а потоа посочи дека возел со прилагодена брзина за да запре.Но планинарот инститираше дека тој треба да се врати назад со велосипедот бидејќи патеката не е наменета за велосипедисти, за што според него, има и соодветен знак. Планинарот кажа дека негова роднина била тешко повредена во ваква ситуација. Дополнително, на стазата имаше и деца.Видео од целата случка објавено од велосипедистот:

Скопје | пред 4 дена

zicnica-696x463

Жичницата на Водно денес не работи поради силен ветер

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува патниците дека денес, 8 април 2026 година, жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.„Ветерот ја надминува безбедносната граница за непречено функционирање на објектот.Надлежните служби ја следат состојбата и штом временските услови дозволат, жичницата ќе продолжи со превоз на патниците“, информираат од ЈСП.

Скопје | пред 2 седмици

zicnica-696x463

Силен ветер на Водно, жичницата нема да продолжи со работа

Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес (04.04.26), жичницата на Водно нема да продолжи со работа поради засилен ветер.„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од ЈСП.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryl5mpf6vq0skcd9jNIGf

Подготовка за сезоната: Водно се уредува за поголема безбедност и подобар престој

Водно се подготвува за зголемената посетеност, а Град Скопје започна засилени активности за уредување, одржување и подобрување на условите за престој во парк-шумата која важи за едно од најпосетените места за рекреација во главниот град.Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски порача дека Водно претставува значајно природно богатство и простор од особено значење за граѓаните. „Водно е местото каде што граѓаните го наоѓаат својот мир, свеж воздух и природна убавина што го збогатува секојдневието. За скопјани - засолниште, инспирација и неизбежен дел од секојдневието“, наведува тој.Во рамки на тековните активности, веќе неколку дена се спроведува кастрење на нараснатата вегетација, како и уредување на велосипедските патеки, кои се прошируваат на ширина од 2,5 до 3 метри, со вкупна должина од пет километри. Со ова, според надлежните, значително се подобрува безбедноста и удобноста за сите посетители.Паралелно, издаден е налог до ЈП Паркови и зеленило за целосна реконструкција на урбаната опрема. „обновување на клупите, кантите, мостчињата, патеките и останатите елементи, со цел Водно да добие уреден, безбеден и современ изглед, достоен за сите посетители“, стои во објавата.Во насока на зголемување на безбедноста, најавено е и присуство на спасители-волонтери во текот на летниот период, во соработка со Црвен крст на Македонија, кои ќе бидат подготвени да интервенираат во случај на непредвидени ситуации.Активностите на терен ги реализираат екипи од јавните претпријатија, кои секојдневно се ангажирани во одржување и уредување на просторот, со засилен интензитет токму во периодот кога посетеноста на Водно се зголемува.„Остануваме посветени на заштитата и унапредувањето на Водно како едно од најзначајните природни богатства и омилено место за рекреација на граѓаните“, наведува Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryreve2k9tqeu94s2EZ3Y

Жичницата на Водно од денес ќе работи еден час повеќе

Жичницата од денес, среда (1.04.2026 год), ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.„Согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови“, информираат од ЈСП.

Скопје | пред 3 седмици

zicnica-696x463

Жичницата на Водно вон функција поради изведување на технички активности

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува корисниците дека жичницата ,,Милениумски крст " привремено нема да биде во функција поради изведување на технички активности.Веднаш штом се создадат соодветни услови за повторно работење, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време“, информираат од ЈСП.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryp67don7k9fiq3DT4srA

(Видео) Пожар во куќа на Водно

Утрово избувна пожар во куќа на Водно.Засега не се познати информациите дека има повредени лица, ниту пак се познати причините поради кои настанал пожарот.Надлежните служби се на терен.Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Скопје | пред 1 месец

44954278_1480792018717983_2307963765280210944_n

Жичницата на Водно денес не работи поради прекин на електричната енергија

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес (04.03.2026), жичницата на Водно нема да биде во функција поради прекин на електричната енергија на крајната станица кај Милениумски крст.„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и по санацијата на дефектот на дистрибутивната мрежа и нормализирањето на испораката на електрична енергија, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците.Ви благодариме на разбирањето“, велат од ЈСП.

Скопје | пред 1 месец

44954278_1480792018717983_2307963765280210944_n

Жичницата на Водно не работи поради силен ветер

Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес (26.02.26), жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од ЈСП.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryreve2k9tqeu94s2EZ3Y

Жичницата на Водно денес не работи поради силен ветер

Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес, жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците.Ви благодариме на разбирањето“, велат од ЈСП.

Скопје | пред 1 месец

zicnica-696x463

Поради силен ветер, жичницата на Водно денеска не сообраќа

Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради силен ветер, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.Според соопштението, јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за објектот да функционира непречено и безбедно, поради што е донесена одлука за привремен прекин на превозот на патници.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и веднаш штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз.Од ЈСП апелираат до граѓаните за разбирање и почитување на мерките, со цел да се гарантира безбедноста на сите корисници.

Скопје | пред 2 месеци

IMG_4225

(Видео) Обновена маркацијата на кружната патека Водно – Матка – Водно

Во текот на декември 2025 година, со помош на Пивара Скопје, во рамки на општествено одговорната платформа „Наша Гордост, Наша Одговорност“ од страна на Зружението за одржлив развој и компнијата Одржливи Авантуристички Патувања, се реализираа активности за обновување и освежување на планинарската маркација на една од најатрактивните кружни патеки во околината на Скопје, тоа е патеката Водно – Матка – Водно, вклучително и кракот кој води од с. Горно Нерези.„Со оваа интервенција се подобри видливоста и безбедноста на движење за сите љубители на активниот туризам – планинари, тркачи, рекреативци и велосипедисти. Патеката претставува значајна врска помеѓу природните богатства на Водно и кањонот Матка, овозможувајќи уникатно искуство во природа на само неколку километри од градот.Во процесот на обновување беа обележани клучните точки, освежени постојните знаци, додадени неколку нови патокази и беа извршени активности за подобра ориентација на терен, со цел да се намали ризикот од губење на правецот и да се поттикне одговорно користење на планинскиот простор. Во процесот беше започнато со чистење на теренот на старата патека која од местото Бункери продолжува преку шума и се доаѓа до врвот пред Кота(Кале).Оваа патека има особено значење за развој на одржлив и активен туризам во регионот, бидејќи овозможува кружно движење без потреба од транспорт, ја зголемува пристапноста до природните локалитети и ги поттикнува граѓаните кон здрави животни навики“, велат од компнијата Одржливи Авантуристички Патувања.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryreve2k9tqeu94s2EZ3Y

Жичницата на Водно денеска не работи поради силен ветер и дожд

Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови.„Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници.Апелираме до граѓаните за разбирање“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 2 месеци

media-library4pf3e6hkdufq50pXvkC

(Видео) Дива депонија на Водно, „Независни за Карпош“ реагира: Градоначалниците ништо не превземаат

Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ на социјалните мрежи објави видео од дива депонија. Тие велат дека ова е една од 10-те диви депонии на Водно, за кои се знае со години наназад, но градоначалниците ништо не преземаат.„За жал, ова е една од 10-те диви депонии на Водно! Иако веќе години наназад се информирани сите градоначалници, НИШТО не е превземено, а се знае кои се одлагачите на смет. Неколку пати во текот на годината се палат депониите, загадувајќи го воздухот во цел Карпош и Скопје. Редно е Водно да се исчисти“, велат од граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryg064kii2nus66mTs9B7

(Видео) Снимка од Водно: Диви свињи меѓу куќи во вечерните часови

Снимка на која се гледаат три диви свињи како се движат низ населбата Водно е споделена на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.„Диви свињи шетаат во населба Водно, снимено денес околу 19:30 часот на улица ‘Питу Гули’, карши Тинекс“, напиша Гоце Бурзески, кој ги видел дивите животни.На видеото се забележува како се движат по улицата, во близина на станбени објекти, што повторно го отвори прашањето за појавата на диви животни во урбани средини и безбедноста на граѓаните.Засега нема информации за пријавена штета или интервенција од надлежните служби.

Скопје | пред 3 месеци

zicnica-696x463

Жичницата на Водно денеска не работи поради силен ветер

Поради силен ветер Жичницата на Водно во Скопје денеска нема да работи.Од Јавното собраќајно претпријатие, во чија надлежност е управувањето со Жичницата, велат во објавата на ФБ дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за објектот да може да функционира непречено и безбедно.,,Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците”, стои во нивната објава.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarycvthq8cu50g88nutoK1

(Видео) Како на друга планета: додека градот тоне во магла, Водно блеска

Додека Скопје денеска е целосно обвиено со густа магла и загаден воздух – појава што е речиси редовна во овој период од годината – на Водно владее сосема поинаква слика. Сонце, чист воздух и ведро небо, како да се работи за друг свет.Контрастот меѓу градот и планината повторно е драстичен. Додека жителите на Скопје се соочуваат со намалена видливост и нездрав воздух, на само неколку стотини метри повисоко, Водно нуди услови за слободно дишење.Токму поради тоа, голем дел од скопјани секој слободен момент го користат за прошетка, рекреација и бегство од смогот, избирајќи го Водно како засолниште од зимската магла и загадувањето во градот.

Скопје | пред 4 месеци

nikola-gruevski-45

Становите на Груевски драстично поевтинуваат, нова аукција за луксузните апартмани на Водно

Продажбата на трите луксузни апартмани на Водно, одземени од Никола Груевски со пресудата за „Плацеви на Водно“, влегува во втора рунда. Откако првиот обид да се најдат купувачи пропадна, Агенцијата за управување со одземен имот повторно ги огласи становите – но овој пат по значително пониски цени.Намалувањето од една четвртина е направено согласно Законот за управување со конфискуван имот, а почетните износи се утврдени врз основа на процената на Бирото за процени од 20 јануари 2025 година. Со тоа, вкупната вредност на пакетот од 750 квадратни метри луксузен простор – наместо 2,4 милиони евра – сега изнесува 1.843.000 евра.Апартманите се лоцирани на престижна позиција на Водно и се опремени со ентериер од висока класа, пространи тераси и панорами кон Скопје.Првиот стан, од 155 квадратни метри со балкон од 95 квадрати, наместо за 760.000 евра сега се нуди за 569.662 евра и располага со сопствено џакузи.Вториот, од 199 квадрати и тераса од 48 квадратни метри, е намален од 847.000 на 635.220 евра.Третиот, со речиси идентична квадратура, оди од 851.000 евра на 637.896 евра.Електронското јавно наддавање за становите ќе се спроведе на 23 декември.Во случајот „Плацеви на Водно“, Груевски беше обвинет дека од 2006 до 2012 година незаконски присвоил околу 1,3 милион евра партиски донации и ги пуштал во оптек за купување земјиште на Водно. Првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелациониот суд ја зголеми казната на девет години.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryfpe7alquobl9csh3kVD

Алармантно: Се обрушува и лизга земјиште на Водно

По иницијатива на Општина Центар, во Центарот за управување со кризи денес се одржа итен координативен состанок на кој присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби.Состанокот беше свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците Белградска и Партеније Зографски.Разгледана е состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето.Заклучоците од овој состанок ќе бидат официјално проследени до Владата на Република Северна Македонија за натамошно постапување.

Скопје | пред 4 месеци

media-library3adie9tult5ucJp3S5U

Жичницата од Средно до врв на Водно не работи поради силниот ветер

ЈСП Скопје информира дека денеска не работи жичницата од Средно до врвот на Водно поради силниот ветер.-Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, информира претпријатието.

Скопје | пред 6 месеци

skopje-vodno-zagadeno-magla2

Потрага на Водно: Исчезнат полски државјанин, ангажирани полицијата, Црвениот крст и ДЗС

Голема потрага е во тек на падините на планината Водно по машко лице, државјанин на Полска, чие исчезнување било пријавено на бројот за итни повици 112. Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ги координирал сите надлежни служби за спасување. Според информациите од ЦУК, по добиената пријава, веднаш биле известени Министерството за внатрешни работи, со насока да формира специјален тим за пребарување, како и Црвениот крст. Потрагата по лицето веќе е започната, а тим за заштита и спасување од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) е упатен на локацијата каде што последно е пријавено дека е видено или изгубено лицето.Во моментов нема детали за идентитетот на исчезнатиот, ниту за околностите под кои исчезнал. Се очекуваат повеќе информации од надлежните служби во текот на вечерта.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања