Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Граделе спротивно на одобрението за градба, кривична пријава за седум лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-36-7300PM

НККР Гостивар поднесе кривична пријава против седум лица и две гостиварски фирми поради сомнение за бесправно градење, фалсификување исправа, несовесно работење и злоупотреба на службена положба. Тројца инвеститори (две лица и нивната мајка) во 2021–2022 граделе спротивно на одобренијата. Управител на геодетска фирма изготвил несоодветен елаборат и лажна исправа, а друг управител составил завршен извештај со лажна констатација за усогласеност. Едно службено лице, и покрај утврдени неправилности, испратило документација до Катастар кој ја регистрирал градбата. Инспекторот констатирал неправилности, но не извршил контролен надзор, овозможувајќи објектот да се стави во функција.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(27), А.С.(27), А.С.(47), Б.А.(54), И.Б.(33), С.Е.(48), В.Р.(42), Друштво за производство, проектирање трговија, градежништво и услуги од Гостивар и Друштво за геодетски работи, проектирање, инжинеринг и консалтинг од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, „фалсификување исправа“, „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првопријавениот, второпријавениот и третопријавената-нивна мајка, во својство на физички лица-инвеститори, во текот на 2021 и 2022 година на нивна катастарска парцела во Гостивар вршеле градежни активности спротивно од одобренијата за градба издадени од општина Гостивар.

— реклама —

Четвртопријавениот Б.А., управител на Друштвото за геодетски работи, изготвил геодетски елаборат кој не се совпаѓал со основниот проект за градење и изготвил лажна исправа која ја употребил како вистинска исправа на правното лице проектирање инженеринг и консалтинг од Гостивар.

Петтопријавениот И.Б., управител на Друштво за производство, проектирање трговија, градежништво и услуги, изготвил Завршен извештај за извршен технички прием на објектот, според кој лажно е констатирано дека градбата е изградена согласно одобрението за градење и основниот проект.

— реклама —

Шестопријавениот С.Е., иако знаел дека овластениот градежен инспектор В.Р. со записник констатирал дека се гради надградба надвор од одобрението и дека не се отстранети недостатоците во дадениот рок, документацијата за градбата ја проследил на 03.10.2022 по електронски пат до Агенцијата за катастар на недвижности каде што ја регистрирале градбата и издале имотен лист.

Седмопријавениот В.Р., најправин изготвил записник со констатација дека објектот не е изведен согласно одобрението и дал рок да се отсранат недостатоците, но потоа не спровел контролен инспекциски надзор по решението со што на инвеститорот му овозможил да го стави објектот во функција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 14 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 15 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 16 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања