Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со заменик министерка за европски прашања Викторија Трајков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Охрид
Zamenik-minister04242025006-1

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

— реклама —

Заменик-министерката Трајков беше во придужба на стручни лица од проектните едници на Министерството за европски прашања и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев.

— реклама —

На средбата се разговараше за можностите за искористување на европските и претпристапните фондови, со акцент на поддршката која овие програми ја овозможуваат за развојот на локалните заедници. Исто така беше разговарано за можностите за искористување на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД.

— реклама —

Градоначалникот Пецаков ги запозна гостите со тековните проекти и планови во општината во насока на унапредување на инфраструктурата, екологијата и социјалната инклузија во Охрид. На состанокот беше потенцирано дека е потребно унапредување на соработката меѓу локалната и централната власт за поголемо искористување на меѓународните фондови кои се достапни на општините.

Во рамки на посетата, градоначаникот и заменик министерката ја посетија Инклузивната игротека за лица со церебрална парализа и Здружението на граѓани ВООПС, простор опремен со средства обезбедени преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Овој проект претставува пример за успешно имплементирана иницијатива која овозможува инклузивен пристап за децата и младите со попреченост во општествените процеси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања