Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Градоначалникот Стефковски троши 200.000 евра за партиски вработувања, а нема реализирано ниту еден свој проект, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
267751866_137356661998744_1730377212378213618_n

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не реализираат ниту еден проект кој го ветуваа пред граѓаните, но затоа се силно посветени на расипништво и партизација на општините, вели СДСМ.

„Нема ден а во јавноста да не се појави нов случај на крчмење на општинските буџети на партиски вработувања и непродуктивни трошоци од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Последен случај е градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој ќе потроши 12,2 милиони денари или неверојатни 200.000 евра за привремени вработувања во општината.

Дополнително на ова, Стефковски ќе потроши и 200.000 денари или над 3.000 евра за набавка на топли напитоци.

— реклама —

Во време на криза, кога градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се жалат дека немаат пари и најавуваат некаква радикализација, Стефковски троши над 200.000 евра за вдомување на партиски кадри.

Тоа е дури двојно повеќе од градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој за вдомување на партиски кадри ќе потроши 100.000 евра.

Во време на криза, наместо инвестиции во развојни проекти, наместо за помош на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ водејќи се по начелото на Зоран Ставревски „трошиме на чоколадо а немаме за леб“ немилосрдно ги трошат општинските пари.

ВМРО-ДПМНЕ не е поместена ниту милиметар од режимската матрица, тоа е партија симбол за расипништво, партизација на институциите и дејствување против граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 15 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 19 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања