Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Граѓанин лажно пријавил „малтретирање“ од полицајци, камерите ја разоткрија измамата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library4bal9nem50nd1iuSgCr
AI

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Велес против граѓанинот П.М., поради основано сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

Според информациите од МВР, на 23 септември 2025 година П.М. во СВР Велес, во својство на оштетен, пријавил двајца полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, обвинувајќи ги за „малтретирање во вршење на службата“ за време на сообраќајна контрола.

— реклама —

Меѓутоа, постапувањето на полициските службеници било целосно документирано со мобилниот систем за снимање со камери, при што било утврдено дека настанот не се одвивал на начинот прикажан во пријавата. Снимките недвосмислено покажале дека полицајците не извршиле никакво кривично дело.

Од МВР наведуваат дека П.М. и покрај тоа што бил јасно предупреден за последиците од лажно пријавување, свесно и злонамерно поднел пријава, иако како директен учесник знаел дека полицајците не сториле ништо незаконско. Со ваквата постапка, тој предизвикал неоснована интервенција на органите на прогонот и сериозно ги загрозил честа, угледот, како и личните слободи и права на пријавените полициски службеници.

— реклама —

Кривичната пријава е поднесена по член 366 од Кривичниот законик, а понатамошната постапка е во надлежност на обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 11 час

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 12 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 13 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања