Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Грчката полиција разби мрежа за производство и шверц на илегални цигари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarydfks938691ls6Bw4X56

Грчката полиција соопшти дека разбила криминална група која на индустриско ниво произведувала и шверцувала илегални цигари, управувала три фабрики, вршела извоз на дел од продукцијата и вршела трансакции вредни милиони евра, користејќи исклучиво готовина за да избегне откривање, објави Катимерини.

Во серија акции изведени во петокот и саботата во пошироката област на Атина, во соседната Вија и на островот Евиа, уапсени се 26 лица, меѓу кои двајцата претпоставени водачи на мрежата. Издадени се потерници и за уште 13 осомничени, меѓу кои и полицаец. Се верува дека групата била активна најмалку од 2018 година.

— реклама —

Полицијата откри три фабрики за производство и пакување цигари, шест складишта и камиони. Конфискувани се повеќе од 14 милиони цигари, 20 тони тутун, 1,2 милиони евра готовина, оружје – вклучувајќи автомат, 14 пиштоли и четири пушки, повеќе од 1.600 куршуми, како и слика во стилот на грчкиот уметник Алексис Акратикаис.

media-librarygeom9u2it1ho0P2lEkm

Нелегалните цигари биле пакувани во фалсификувани брендови и претставуваат сериозен ризик за здравјето на потрошувачите.

— реклама —

Осомничените се товарат за членство во криминална група, фалсификување, перење пари и прекршоци по законот за оружје и царински прописи. Само за количествата конфискувани при рацијата, даноците би изнесувале повеќе од 7 милиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Грција потврди напад на брод, неизвесно дали Иран стои зад заплената

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryjimerv9r0tsg7YCYuYB

Грција најавува олеснување на ЕЕС контролите за српските туристи во шпицот на сезоната

Свет | пред 20 часа

IMG_5459

Грција тргна по гас под морето: сондажи во Јонското Море, милијарди на маса и силен отпор од екологистите

Свет | пред 22 часа

media-libraryjcev6r72ts504Vi5aUj

Грција донесе итна одлука пред летната сезона: Овие туристи ќе бидат изземени од новиот систем за влез

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања