Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Грлиќ Радман: На состанокот меѓу Трамп и Путин треба да учествуваат и Украина и ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryn7qsj5o56nc24R0a2Od

Хрватска смета дека не може да има договор за Украина без Украина, и дека на најавениот состанок меѓу американскиот и рускиот претседател треба да учествуваат и украински претставници, како и претставници на земјите членки на ЕУ, изјави денеска министерот за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман.

„Ги поздравуваме напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување решение. Секако, треба да се искористи состанокот што треба да се одржи и сметаме дека тој состанок треба да се одржи со украински претставници, како и со претставници на државите членки на ЕУ“, изјави Грлиќ Радман, кој денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург.

— реклама —

„Го поддржуваме секој напор за праведен мир“

Тој додаде дека официјален Загреб го поддржува секој напор кој оди во насока на постигнување „праведен мир, што значи почитување на територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина“.

— реклама —

Сличен став изнесе и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас.

„Се обидуваме да ги увериме нашите сојузници низ целиот свет дека ништо не може да произлезе од тие состаноци ако во нив не учествуваат Украина или Европа“, изјави Калас на прес-конференција.

Таа додаде дека смета оти претседателот Трамп „искрено се обидува да го заврши војната“ и дека тоа го сакаат сите – освен Русија.

„Не треба да дозволиме да ни се одвлекува вниманието, суштината е во тоа што мора да ја натераме Русија да посака мир“, рече Калас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk2h2dvajpql9aO9Pyr7

Тензии на Балтикот: Москва обвинува за планови за блокада

Свет | пред 33 минути

— реклама —
media-library26j96d86m3ts7wv3jPO

Киев потврди: Постојат барања за прекин на нападите врз Русија

Свет | пред 38 минути

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 22 часа

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања