Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Густата магла направила проблем на скопскиот аеродром со летовите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Поради густата магла што ја зафати скопската котлина и предизвика значително намалена видливост, денеска (20 декември 2025 година) на Меѓународниот аеродром Скопје, во периодот од 00:00 до 18:00 часот, евидентирани се вкупно 16 откажани и 11 пренасочени летови.

По подобрувањето на временските услови во попладневните часови, три авиони слетаа и три авиони полетаа. Слетувања се реализирани од Дортмунд, Истанбул и Париз, додека полетувања имаше кон Истанбул, Осло и Баден-Баден.

— реклама —

Според најновата временска прогноза од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на ноќта, поради што можно е продолжување на промените во редот на летање.

Од аеродромот апелираат до патниците редовно да ги следат информациите и насоките добиени директно од авиокомпаниите, бидејќи временските услови се променливи и состојбата може брзо да се менува.

— реклама —

Истовремено, од Меѓународниот аеродром Скопје појаснуваат дека аеродромот не е затворен.

„Аеродромот функционира постојано, без разлика на временските услови, а нашиот персонал е целосно подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците“, информираат од аеродромот.

Сите измени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време на официјалната веб-страница на Меѓународниот аеродром Скопје – https://skp.airports.com.mk/.

Дополнително, инфо-пултот работи 24 часа, а патниците можат во секое време да се информираат за статусот на летовите и преку телефонскиот број 02 3148 333.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye4sqjhohae8e2vvzffD

(Фото) Непрописно паркирање блокира сообраќај во Аеродром, жителите алармираат дека ова е ризик и за децата

Скопје | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Кои градови се најлоши во авиосообраќајот по времето на доцнење за полетување

Свет | пред 1 седмица

media-librarygo06d592e1a2dVFVvR4

Аеродром добива нова урбана оаза за рекреација и дружење

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc5t3pc64o1g2bUk3oSV

Oпштина Aеродром со 138 милиони денари инвестиција за реконструкција на 5.4 километри улици

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања