Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Инцидент со дрон ја вжешти дипломатијата меѓу Букурешт и Москва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
dron1

Руската амбасада во Букурешт го оцени влегувањето на дронови во Романија како „провокација“ од Украина, откако романското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор поради инцидентот.

На средбата, амбасадорот Владимир Липаев ја отфрли реакцијата на Романија, која ја обвинува Русија за упадот, како „неоснована“, стои во соопштението што амбасадата го објави синоќа.

— реклама —

„Сите факти укажуваат дека станува збор за намерна провокација од страна на режимот во Киев“, наведено е понатаму во изјавата.

Инцидентот се случи само неколку дена откако десетици руски дронови беа соборени над полското небо.

— реклама —

Романското Министерство за надворешни работи во неделата го повика Липаев за да му предаде протест поради, како што нагласи, „неприфатливото нарушување на романскиот воздушен простор од руски дрон“ во саботата – настан што следеше по спектакуларниот упад на повеќе руски дронови во Полска, кој беше остро осуден од Европската Унија.

Во соопштението на министерството се наведува дека на рускиот дипломат му бил врачeн „силен протест“ поради „овој неодговорен и неприфатлив чин“. Дополнително, Москва била повикана „да преземе сите неопходни мерки“ за да се спречи повторно нарушување на суверенитетот на Романија.

фото: Х

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања