Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Инцидент во СВР Струмица: полицаец пукал во полициска станица откако го суспендирале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
IMG_7454

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полициски службеник вработен во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под сомнение дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Како што соопштија од МВР, А.Б., кој бил на работно место самостоен инспектор, на 30 април 2025 година, околу 10:25 часот, додека бил на работа во службена просторија во кругот на Секторот за внатрешни работи Струмица, по добивање решение за отстранување од работното место, го извадил службениот пиштол, го репетирал и испукал еден куршум во правец на метален сеф кој се наоѓал во просторијата.

— реклама —

Во моментот на инцидентот, во канцеларијата имало повеќе полициски службеници, а според внатрешната контрола, постои значителна опасност што можела да резултира со повреди или смрт на присутните лица.

„По издадена наредба од началникот да го предаде службеното лично вооружување, пријавениот го извадил службениот пиштол и испукал куршум во правец на металниот сеф, со што предизвикал значителна опасност за животот и телото на присутните“, соопштија од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

— реклама —

Против полицискиот службеник ќе биде поднесен предлог за поведување дисциплинска постапка и ќе му бидат изречени мерки за суспензија од работното место, одземање на службеното оружје и муницијата, како и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед, додека трае постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 14 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 15 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 16 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања