Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Инспектор од Кочани ќе одговара кривично: Не го одзел мобилниот на уапсено лице и овозможил да го ракува, а потоа и изнесе од станицата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
mobilen-telefon

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Б.Б. до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

— реклама —

Пријавениот, кој бил вработен како помлад инспектор за малолетничка деликвенција и семејно насилство во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани при СВР Штип, се сомничи дека со намера да сокрие и уништи докази неосновано одложил извршување наредба на јавен обвинител за прибирање предмети што можат да послужат како доказ во постапка.

— реклама —

Според наводите, при лишување од слобода на осомничено лице и негово спроведување во полициска станица, не го одзел мобилниот телефон, со што му овозможил да ракува со него и подоцна да го изнесе од станицата, правејќи го доказот неупотреблив во постапката за продолжено кривично дело „измама“.

— реклама —

Одделот за внатрешна контрола најави дека против пријавениот ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 5 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 6 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 6 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања