Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Институт за војна: Русите подготвуваат хибридна операција против друга земја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
b473d571-6fdc-4b20-bab6-49f8edd4998d

Институтот за проучување на војната објави нова анализа во која предупредуваат дека Русија можеби подготвува хибридна операција против Молдавија.

— реклама —

„Прорускиот отцепен регион Придњестровје би можел да организира референдум за приклучување кон Русија на 28 февруари. Изговор за таквиот повик ќе биде наводната потреба да се заштитат руските граѓани и „сонародниците“ во Придњестровје од заканите од Молдавија или НАТО“, пишува ISW.

— реклама —

Рускиот претседател Владимир Путин би можел, во најлошото сценарио, да ја објави руската анексија на Придњестровје за време на неговото планирано обраќање пред Федералното собрание на Русија на 29 февруари, иако тоа изгледа малку веројатно, пишува ISW.

— реклама —

„Поверојатно е Путин да ја поздрави секоја акција преземена од Конгресот на пратениците на Придњестровје и да понуди опсервации за ситуацијата“, додаваат тие.

ISW пишува дека не видел јасни индикации за руската воена подготовка за интервенција во Придњестровје или во Молдавија воопшто, иако е можно тајните подготовки да се во тек.

„Руските сили во моментов во Придњестровје не можат да претставуваат значителна воена закана за Украина без засилување. Тие би можеле да претставуваат многу поголема закана за стабилноста на Молдавија. Затоа, најверојатниот начин на дејствување е дека Конгресот на Приднестровје и говорот на Путин ќе означува пресврт во подготовките на Русија за хибридна војна против Молдавија“, анализира ISW.

Молдавија е поранешна советска држава лоцирана меѓу Романија и Украина и има околу 2,6 милиони жители. Парламентот на Молдавија има прозападно мнозинство, а прозападната претседателка на Молдавија, Маја Санду, цели кон пристапување на Молдавија во ЕУ. Придњестровје е проруски отцепен регион во источна Молдавија со население од околу 470.000 луѓе кои незаконски прогласија независност од Молдавската Советска Социјалистичка Република во 1990 година.

Ниту една членка на Обединетите нации (ОН) не го признава нејзиниот суверенитет, а ОН го сметаат овој регион како дел од Молдавија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 10 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 12 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 14 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања