Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Иран ги исмева САД: „Сега го молат светот да купува руска нафта“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library6mk1o37i99olePRe17W

Иранскиот шеф на дипломатијата Сајед Абас Арагчи ја осуди одлуката на САД привремено да ублажат дел од санкциите за руската нафта, тврдејќи дека Вашингтон сега „го моли светот“ да купува руска енергија. Тој се повика на „Фајненшл тајмс“, според кој Русија би можела да добива околу 150 милиони долари дневно дополнителни приходи. САД издадоа привремена дозвола за продажба на руска нафта што веќе била на танкери, за да ги стабилизираат цените по ескалацијата на Блискиот Исток. Потегот беше критикуван и во Европа, а растот на цените и ризикот за Ормускиот теснец го зголемуваат притисокот на пазарите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Иранскиот министер за надворешни работи Сајед Абас Арагчи остро го критикуваше потегот на САД привремено да ублажат дел од санкциите за руската нафта, обвинувајќи го Вашингтон дека сега „го моли светот“ да купува руска енергија.

— реклама —

Арагчи на социјалните мрежи објави насловна страница од весникот „Фајненшл тајмс“, во која се наведува дека Русија по американската одлука би можела да заработува околу 150 милиони долари дневно дополнителни приходи од нафта.

— реклама —

„САД со месеци вршеа притисок врз Индија да го прекине увозот на руска нафта. По две недели војна со Иран, Белата куќа сега го моли светот – вклучително и Индија – да купува руска сурова нафта“, напиша Арагчи, нарекувајќи го потегот на Вашингтон „патетичен“.

— реклама —

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп привремено ублажи дел од санкциите за руската нафта со цел да се ублажи растот на цените на енергенсите по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

Вашингтон издаде привремена дозвола со која се овозможува продажба на дел од руската нафта што веќе се наоѓала на танкери на море, во обид да се стабилизира глобалниот енергетски пазар.

Одлуката предизвика критики и во Европа. Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека ваквиот потег е погрешен бидејќи го ослабува притисокот врз Русија поради војната во Украина.

Цените на нафтата нагло пораснаа по американско-израелските напади врз Иран на крајот на февруари, што предизвика сериозни нарушувања во глобалното снабдување со енергија.

Поради заканите за затворање на Ормускиот теснец – една од најважните рути за светската трговија со нафта – глобалните пазари остануваат под силен притисок.

Анализите покажуваат дека Русија би можела значително да профитира од растот на цените на нафтата и промените во санкциите. Според проценките објавени во „Фајненшл тајмс“, Москва би можела да остварува околу 150 милиони долари дополнителни приходи дневно од извоз на нафта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран демантира: Нема преговори со САД додека трае војната

Свет | пред 16 минути

media-librarybgjq6n1tp0vubXhGhLR

Иран тврди дека соборил два американски дрона „Рипер“ над Исфахан

Свет | пред 36 минути

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 15 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања