Иранската Револуционерна гарда соопшти дека во последните неколку часа соборила две беспилотни летала од типот MQ-9 Reaper над покраината Исфахан.
Според соопштението, дроновите биле уништени со „нов напреден одбранбен систем“ кој е дел од интегрираната противвоздушна мрежа на земјата. Информацијата ја пренесе иранската новинска агенција Fars.
Станува збор за беспилотни летала кои првенствено ги користат САД, но на располагање ги имаат и нивните сојузници.
Засега, ниту американската ниту израелската страна немаат официјална потврда или коментар за тврдењата на Техеран.