Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Иран ги испрати своите барања до САД, бара затворање на американските бази и воена компензација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Свет
iran

Иран, според „Wall Street Journal“, доставил листа барања за прекин на конфликтот: затворање на американските бази во Заливот, воена компензација, наплата за премин низ Ормускиот теснец, гаранции дека војната нема да се обнови, укинување санкции и задржување на ракетниот програм. Бара и запирање на израелските напади врз Хезболах. Администрацијата на Трамп понудила 15-точковен план, пренесен преку посредници од Пакистан. Клучно: Иран да не бара нуклеарно оружје, да предаде збогатено гориво, да демонтира дел објекти, да прекине поддршка за Хезболах/Хамас, да прифати ракетни ограничувања и Ормускиот теснец да остане отворен.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Според пишувањето на американскиот весник „Wall Street Journal“, Техеран објавил своја листа со барања за прекин на конфликтот, еден ден по доставувањето на планот од 15 точки на претседателот Трамп.

— реклама —

Иран бара затворање на сите американски воени бази во Заливот, исплата на воена компензација за нападите врз Иран, како и да наплатува премин на бродовите низ Ормускиот теснец. Дополнително, бара гаранции дека војната нема да биде обновена.

— реклама —

Иран исто така бара престанок на израелските напади врз Хезболах во Либан, укинување на сите санкции и право да го одржи својот балистички ракетен програм без преговори за ограничување.

— реклама —

Еден американски функционер, кој не сакаше да биде именуван, ги опиша барањата на Иран како „смешни и целосно нереални“, пренесе „New York Post“.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп му понуди на Иран план за прекин на огнот од 15 точки.

Планот му беше доставен на Иран од посредници од Пакистан, кои понудија да бидат домаќини на обновени преговори меѓу Вашингтон и Техеран.

Меѓу 15-те точки, првите пет се однесуваат на нуклеарниот сектор. Вашингтон бара Иран никогаш да не се обидува да се здобие со нуклеарно оружје, да го предаде целото збогатено нуклеарно гориво на датум утврден од страните, како и да бидат демонтирани неколку клучни нуклеарни објекти и инсталации.

Иран ќе треба исто така да се откаже од поддршката за групи и да престане да финансира или вооружува организации како Хезболах или Хамас. Предвидени се и ограничувања за бројот на ракети со кои земјата може да располага, како и за нивниот дострел.

Дополнително, Ормускиот Теснец низ кој минуваат околу 20 проценти од светските испораки на фосилни горива, ќе мора да остане отворен за пловидба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 5 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 5 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 6 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања