Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Иран: Кукавичка и брутална воена агресија, ни го убија лидерот на работно место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryccdsakbp475idFLxmQG

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, ги обвини САД и Израел за „кукавичка и брутална воена агресија“ врз Иран, тврдејќи дека во нападите бил убиен и врховниот лидер на земјата.

— реклама —

На прес-конференција во Техеран, тој изјави дека нападот се случил веднаш по последната рунда преговори меѓу Иран и САД.

— реклама —

„Нашата татковина беше нападната на кукавички, суров и неправеден начин од најзлонамерните режими. Светот гледа и се соочуваме со јасен судир меѓу добро и зло“, изјави Багаеи.

— реклама —

Тој тврди дека иранскиот лидер бил убиен на своето работно место, заедно со членови од неговото семејство, а дека во нападите загинале и деца, меѓу кои, како што рече, 171 дете во градот Минаб.

Багаеи истакна дека, според американски и меѓународни извори, немало докази дека Иран планирал напад врз САД или дека развива нуклеарно оружје.

Истовремено, остро ги критикуваше и Обединетите нации, оценувајќи дека Советот за безбедност е во „сериозна блокада“ и дека со нападот е прекршено основното начело на Повелбата на ОН – забраната за употреба на сила.

„Воената агресија врз Иран е почеток на крајот на системот на Обединетите нации“, изјави портпаролот.

Тој предупреди дека конфликтот може да се прошири доколку меѓународната заедница не реагира, но додаде дека Иран внимателно ги избира своите воени цели и дека земјата „се бори чесно“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран демантира: Нема преговори со САД додека трае војната

Свет | пред 13 минути

media-librarybgjq6n1tp0vubXhGhLR

Иран тврди дека соборил два американски дрона „Рипер“ над Исфахан

Свет | пред 33 минути

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 15 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања