Иранските сили отвориле оган врз контејнерски брод во близина на брегот на Оман, при што е нанесена значителна штета на командниот мост, но екипажот останал неповреден, соопшти британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО).
Според информациите, инцидентот се случил на околу 28 километри североисточно од оманскиот брег, кога пловилото било пресретнато од брод на Исламската револуционерна гарда, по што било отворено оган.
Иранската страна потврди дека имало интервенција, но со поинакво објаснување. Полуслужбената агенција „Тасним“ наведува дека станувало збор за „спроведување поморски закон“, откако бродот ги игнорирал предупредувањата.
Од УКМТО, пак, повикувајќи се на изјава од капетанот на бродот, тврдат дека без дополнителна ескалација му се приближиле од иранските сили и отвориле оган. И покрај штетата, нема информации за пожар или еколошки последици.
Инцидентот доаѓа во време на засилени тензии во Персискиот Залив, каде стотици бродови се соочуваат со блокади и зголемени безбедносни ризици.
Паралелно, од Техеран пристигнуваат нови закани кон американски и израелски цели, и покрај тоа што САД го продолжија примирјето. Од Вашингтон најавуваат дека поморската блокада и притисокот врз Иран ќе продолжат, додека преговорите засега остануваат во застој.