Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Иран се закани: Ормускиот теснец ќе остане затворен, ќе ги гониме предавниците 24 часа дневно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда ги предупреди граѓаните да не излегуваат на улиците, додека планира да го затвори Ормускиот теснец, клучна точка за глобалната трговија со нафта.

— реклама —

Државната телевизија ИРИБ њуз објави изјава во која им се заканува на потенцијалните демонстранти со уште пожестока пресметка отколку за време на немирите кон крајот на декември и почетокот на јануари, кога, според американските активисти за човекови права во Иран (HRANA), загинале повеќе од 7.000 луѓе.

— реклама —

„Ќе ги гониме предавниците 24 часа дневно“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Корпусот на исламската револуционерна гарда додаде дека, по наредба на новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи, сите танкери и бродови во Ормускиот теснец ќе мора да ги почитуваат иранските прописи заради сопствена безбедност. Гардата исто така најави дека ќе продолжи со нападите „со полна сила“ врз цели на САД и Израел во регионот.

Поради иранските напади врз комерцијални бродови, сообраќајот низ теснецот, широк околу 55 километри меѓу Иран и Оман, практично е запрен, што предизвикува сериозна нестабилност на глобалниот енергетски пазар и раст на цените на нафтата и бензинот.

media-libraryl95j61423irb9qwf0sq

САД најавија придружба на танкерите низ Ормускиот Теснец по иранските напади

Американската морнарица ќе почне да ги придружува нафтените танкери низ Ормускиот Теснец со цел да се обезбеди нивно безбедно минување по серијата ирански напади врз бродови и енергетска инфраструктура во Персискиот Залив, објави „Скај њуз“.Поради ескалацијата на нападите, цената на нафтата во четвртокот порасна над 100 долари за барел, додека акциите на светските берзи забележаа пад.Информацијата ја потврди американскиот министер за финансии Скот Бесент во интервју за „Скај њуз“, истакнувајќи дека придружбата на бродовите може да започне веднаш штом тоа ќе биде воено изводливо.„Верувам дека американската морнарица, штом тоа биде возможно, ќе почне да ги придружува пловилата низ теснецот, можеби и во рамки на меѓународна коалиција“, изјави Бесент.Тој додаде дека теснецот засега не е блокиран и дека танкерите продолжуваат да минуваат низ него, меѓу кои и ирански бродови, како и пловила под кинеско знаме, што, според него, укажува дека пловниот пат не е миниран.Најавата доаѓа во момент кога новиот ирански врховен лидер Мојтаба Хамнеи сигнализира дека блокадата на овој стратешки морски премин може да ја искористи како средство за притисок врз САД и Израел. Во обраќање до јавноста тој најави одмазда за американско-израелските напади, порачувајќи дека Иран „нема да се воздржи од одмазда“ за крвта на своите „маченици“.Во меѓувреме, нов бран израелски напади го погодил Бејрут.Цените на нафтата пораснаа и покрај најавата од претходниот ден дека развиените земји ќе пуштат на пазарот околу 400 милиони барели нафта од своите стратешки резерви, од кои речиси половина ги обезбедуваат САД.Во интервјуто Бесент откри и дека воениот конфликт досега ги чинел САД околу 11 милијарди долари. На прашањето дали постои цена поради која би се спротивставил на претседателот Доналд Трамп и би рекол дека САД повеќе не можат да си го дозволат конфликтот, тој одговори дека таква граница не постои.Американскиот министер за енергетика Крис Рајт претходно изјави дека придружбата на танкерите ќе се случи „релативно брзо“, но дека Вашингтон засега не е подготвен веднаш да ја започне таа операција.Бесент нагласи дека за економијата не е пресудна само цената на нафтата, туку колку долго таа ќе остане на високо ниво.

Свет | пред 2 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран демантира: Нема преговори со САД додека трае војната

Свет | пред 12 минути

media-librarybgjq6n1tp0vubXhGhLR

Иран тврди дека соборил два американски дрона „Рипер“ над Исфахан

Свет | пред 33 минути

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 15 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања