Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Испитајте си го ставот, контрадикторни сте, им рече адвокатот Шилегов на обвинителите за „Пулс“ по обвиненијата за полицајците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryj5oa9ct7goso1L8A8SR

Адвокатот Петре Шилегов бара да се запре судењето за да се измени обвинението. Тој денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да ослободи дел од обвинетите, повикувајќи се на економичноста на постапката. Ова следува по обвиненијата од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, каде обвинителката детално образложи зошто се поднесени три засебни обвиненија. Само едно од трите обвиненија за полицајците се однесува на пожарот - нереагирањето на полицајците критичната вечер (виделе, но не превенирале активирање на пиротехниката). Другите пак (издавањето дозовла, проверките, лажните записници), не можат да се доведат во корелација со последицата - пожарот.

— реклама —

Според Шилегов, државата троши огромни финансиски средства за судски процес кој, како што рече, може да се покаже како правно неоснован. Во своето излагање, Шилегов укажа дека самиот обвинителски орган во поврзан предмет донел спротивен правен заклучок.

— реклама —

Според таа одлука, било утврдено дека нема директна причинско-последична врска меѓу непостапувањето и настанатата последица, поради што евентуалната одговорност би можела да се сведе само на „злоупотреба на службена положба и овластување“, дело кое, како што истакна Шилегов, веќе е застарено. Токму оваа правна логика, според одбраната, мора да се примени и во актуелната постапка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Silegov

Шилегов: Филипче ако сака да го спроведе моето разрешување, нека дојде во организацијата во Карпош

Македонија | пред 1 седмица

Silegov

Шилегов: СДСМ не е сопственост на една групација, па со неа да се пазарат за својата слобода

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydceajh27ed0vdA5W1Z4

Шилегов по веста дека СДСМ ќе го исклучи: Имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Македонија | пред 1 седмица

silegov

СДСМ иницира постапка да го исклучи Петре Шилегов од партијата

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања