Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Истрели кај Чашка: Тројца прилепчани уапсени со повеќе видови оружје и мунициja

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 8 февруари 2026 година, во 10:15 часот, кај местото викано „Црници“, во атарот на селото Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка лишиле од слобода три лица од Прилеп – В.К. (57), И.Т. (51) и Б.Н. (77).

— реклама —

Според информациите од полицијата, при вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со прилепски регистарски ознаки, при што лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено оружје. По пукањето, лицата се оддалечиле од местото на настанот.

— реклама —

По преземени оперативни мерки, возилото и лицата биле пронајдени, а при извршениот преглед кај И.Т. била одземена малокалибарска пушка „брно“, 14 неиспукани куршуми и три чаури од малокалибарско оружје, 14 куршуми карабинска муниција, како и три чаури и куршуми калибар 12 милиметри од ловечка пушка, за кои не поседувал соодветна документација. Дополнително, биле пронајдени и одземени детектори и други предмети.

— реклама —

Кај Б.Н. бил одземен пиштол „застава“, рамка со седум куршуми калибар 9 милиметри, исто така без соодветна документација, како и други предмети поврзани со настанот. Тројцата биле задржани во полициска станица, за случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 14 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 16 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 16 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања