Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Извозот на енергенси од Блискиот Исток падна на 10 отсто од предвоеното ниво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library06n17o41rd039MbAVnX
unsplash

Меѓународната агенција за енергија предупреди дека по блокадата на Ормускиот теснец извозот на енергенси од Блискиот Исток паднал на околу 10% од предвоеното ниво, со силно намален транспорт на нафта и присилно намалување на производство на нафта и ЛНГ. Г7 разгледува пуштање нафта од стратешките резерви за стабилизација. Нарушувањата може да погодат и ѓубрива (уреа, азотни и фосфатни), што може да ги крене цените на храната. Членките на агенцијата имаат над 1,2 млрд барели во резерви, плус 600 млн кај компании.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Извозот на енергенси од Блискиот Исток е намален на само околу 10 проценти од нивото пред почетокот на војната, предупреди Меѓународната агенција за енергија, поради блокадата на Ормускиот теснец.

— реклама —

Според агенцијата, конфликтот во регионот значително го намалил транспортот на нафта низ оваа клучна поморска рута, низ која вообичаено минува значителен дел од светската трговија со нафта.

— реклама —

Министрите за енергетика на земјите од групата Г7 на состанокот разговарале за можноста за пуштање нафта од стратешките резерви на пазарот со цел да се стабилизираат цените и снабдувањето.

— реклама —

Францускиот министер Ролан Лескир изјави дека координацијата меѓу државите е од клучно значење бидејќи конфликтот, иако регионален, има глобални последици.

Воените операции започнаа пред околу десет дена кога САД и Израел извршија напади врз Иран, по што Техеран возврати со ракетни напади врз Израел и американски воени бази во земјите околу Персискиот Залив.

Иранската морнарица соопшти дека ја презела контролата врз Ормускиот теснец и го забранила транзитот на бродови поврзани со САД, Израел и европските држави.

Според податоците на Меѓународната агенција за енергија, низ теснецот во 2025 година во просек поминувале околу 20 милиони барели нафта и нафтени деривати дневно, што претставува приближно една четвртина од светската поморска трговија со нафта.

Поради ограничениот транспорт, земјите извознички се принудени значително да ја намалат и производството на нафта и течен природен гас.

Агенцијата предупредува дека ваквите нарушувања во поморскиот сообраќај може да влијаат и врз испораките на други стоки, особено на вештачки ѓубрива, бидејќи низ Ормускиот теснец поминува повеќе од 30 проценти од глобалните испораки на уреа и околу 20 проценти од испораките на азотни ѓубрива и фосфати.

Таквата состојба, според аналитичарите, може да предизвика раст на цените на храната и да создаде дополнителни проблеми во глобалните синџири на снабдување.

Членките на Меѓународната агенција за енергија во моментов располагаат со повеќе од 1,2 милијарди барели нафта во стратешките резерви, додека компаниите, согласно законските обврски, имаат дополнителни околу 600 милиони барели.

Најголеми стратешки резерви меѓу земјите од Г7 имаат САД со околу 415 милиони барели, по што следуваат Јапонија со околу 260 милиони барели, Германија со повеќе од 110 милиони барели и Франција со околу 97 милиони барели нафта во државните резерви.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

nafta

Саудиска Арабија активира алтернатива: Нафтата оди преку Црвеното Море

Свет | пред 15 часа

mkd-393567

Цените на нафтата пораснаа над 111 долари

Свет | пред 3 дена

nafta

Цените на нафтата се во пад

Свет | пред 1 седмица

nafta

Шеф на нафтен гигант: Доколку војната трае повеќе од 6 месеци, светската економија ќе страда

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања