Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЈО за организиран криминал на Србија: Не дозволуваме притисок, нема да бидеме сервис на политички интереси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryflsi84ut9fc86cfNAnm

Колегиумот на Јавното обвинителство за организиран криминал соопшти дека обвинителите со месеци се изложени на континуиран притисок преку јавни настапи на претседателот на Србија, како и на претставници на извршната и законодавната власт, политички актери и поединечни медиуми. Од таму порачаа дека нема да подлегнат на притисоци и дека ќе продолжат да постапуваат исклучиво согласно законските и уставните овластувања.

— реклама —

Од Обвинителството наведуваат дека одлуките и постапките кои ги иницирале се коментираат на „недозволен начин“, со цел да се изврши влијание врз нивниот исход. Како особено проблематични ги наведуваат реакциите по отворањето на предметите познати како „Надстрешница“ и „Генералштаб“, каде што, според нив, по утврдувањето основи на сомневање за злоупотреби од страна на одредени министри, започнале медиумски напади и институционални опструкции.

— реклама —

Во соопштението се тврди дека директорите на полицијата, Управата за јавни приходи и Управата за спречување перење пари ги повлекле дадените согласности за членовите на Ударната група и одбиле да достават докази или да преземат потребни дејствија, со што го забавиле и отежнале работењето.

— реклама —

Колегиумот потсетува дека и претходно имало обиди за влијание во предметите „Јовањица“, „Шариќ“, „Ќурувија“ и други, преку изјави што, како што наведуваат, ја релативизираат тежината на делата и ја загрозуваат безбедноста на обвинителите. Дополнително, предупредуваат дека најавите за укинување на Обвинителството за организиран криминал и негово спојување со Вишото обвинителство во Белград претставуваат „отворен политички притисок“ и удар врз уставниот поредок.

Како спротивен став ја наведуваат препораката на Европската комисија, која бара зајакнување на надлежностите на ова обвинителство.

„Ова обвинителство не е и нема да биде сервис на политички интереси“, стои во соопштението, со повик до политичките актери да се воздржат од непримерни коментари и да го почитуваат уставниот принцип на самостојност на обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Разговарав со Путин, добивме поевтин гас и го информирав за „сојузот меѓу Загреб, Приштина и Тирана“

Свет | пред 13 часа

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ прогласи победа „10-0“: СНС освои во сите општини

Свет | пред 19 часа

media-library4dngb41tvd1q3Cw2dvI

Инциденти и обвинувања на изборите во Србија: Две различни слики од теренот

Свет | пред 1 ден

vucic-brnabic

Брнабиќ ја обвини опозицијата: „Не бараат избори за демократија, туку за конфликти“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања