Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Јовановски: Со заокружување на бројот 9, Кичево ќе добие градоначалник кој ќе се жртвува за својот град

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarypruv0nj8g9k2eeLlhdZ

Александар Јовановски, кандидат за градоначалник за општина „Кичево“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот настан одржан во општината, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамките на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат 2 ноември.

На самиот почеток Јовановски се заблагодари за присуството на граѓаните, и потенцираше дека кампањата која се водела за локалните избори во општина Кичево, била исклучиво позитивна.

— реклама —


„Ви благодарам на присуството, ви благодарам на поддршката, самата ваша бројка доволно говори. Целата кампања ни се засноваше на позитивна енергија, целата кампања зрачи и ќе продолжи да зрачи после големата победа само со позитивна енергија, ќе продолжи да зрачи со надеж и среќа за сите. Сите оние коишто не веруваат, сите оние коишто сеуште се двоумат, сите оние кои мислат дека не е можно да оствариме победа, нека размислат уште еднаш“, рече Јовановски.

— реклама —


Јовановски истакна дека Кичево заслужува за градоначалник да има чесен и трудољубив човек, кој ќе се жртвува за својот град.

„Верувајте, заслуживме да имаме чесен човек, трудољубив човек и човек  којшто ќе се жртвува за овој град, а тој човек сум јас почитувани. Сакам да изразам особена благодарност до припадниците на сите политички партии во нашиот град, без разлика на кој етникум припаѓаат, без разлика на која идеологија припаѓаат, има луѓе кои увидоа со што се соочуваме, за жал сите вие сте сведоци на што се, се изнагледавме изминативе денови, какви снимки изнаслушавме и какви видеа видовме, ние како граѓани не го заслужуваме. Дојдете на 2 на истото ова место, ќе славиме заедно“, истакна Јовановски.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 18 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 23 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања