Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЈП „Охридски комуналец“: Континуирани мерки за стабилизација на депонијата Буково

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

ОО
media-library8ctk9p8hmipe9R2sAKM

ЈП „Охридски комуналец“ соопшти дека континуирано работи на стабилизација и контрола на депонијата Буково, каде поради метан од распаѓање на отпад може да дојде до тлеење и пожари. Во последните денови се распоредени околу 1000 м³ земја и е направен заштитен појас, а во 2025 над 7000 м³ за намалување на пожари и миризби. Се унапредува селекција на отпад и се работи на регионална депонија Новаци за постепено затворање на Буково.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информира дека надлежните служби континуирано преземаат конкретни активности за справување со состојбата на депонијата Буково, по реакциите од прес-конференција на политичка партија.

— реклама —

„Станува збор за специфична состојба карактеристична за ваков тип депонии, бидејќи при распаѓањето на отпадот се ослободува метан, лесно запаллив гас кој може да предизвика тлеење или пожар. Затоа се потребни постојани активности за контрола и стабилизација на депонијата“, истакнуваат од претпријатието.

— реклама —

Во изминатите денови на депонијата се однесени и распоредени околу 1000 м³ земја за покривање на опожарените делови и намалување на ризикот од повторно разгорување и ширење на чад. Дополнително, е изработен заштитен појас околу критичните делови за поголема контрола на состојбата. Во текот на 2025 година, рекордна количина од над 7000 м³ земја е распоредена за стабилизирање на отпадот, што значително ја намалило опасноста од пожари и непријатни миризби.

— реклама —

„Депонијата Буково претставува децениски проблем кој долго не бил системски решаван, вклучително и во периодите кога истата политичка партија била на власт“, додаваат од ЈП „Охридски комуналец“.

Претпријатието паралелно ја унапредува примарната селекција на отпадот од домаќинствата и хотелските капацитети за намалување на количините отпад што завршуваат на депонијата. Дополнително, во тек е проектот за регионална депонија во Новаци, кој ќе овозможи постепено затворање на Буково и долгорочно решение за управување со отпадот во регионот.

„Апелираме ова прашање да не се користи за дневно-политички цели, туку сите чинители да придонесат со конструктивни предлози за трајно решавање на долгогодишниот проблем, во интерес на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните“, велат од претпријатието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања