Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Како да постапите ако ве испече виолетова медуза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
violetova-meduza

Ако оваа година планирате летниот одмор да го поминете во Грција, бидете внимателни кога пливате во морето, бидејќи во поголем дел во близина на плажите на Егејското море се забележани јата опасни виолетови медузи.

— реклама —

Оваа појава на зголемена бројка на виолетовите медузи се должи на климатските промени и зголемено ловење на големи риби, а оваа сезона прво се појавиле во Јонското море, од каде морските струи ги однеле во Егејското море.

— реклама —

Виолетовите медузи се со големина од 6 до 10 см, а ако ве испече оваа медуза болката може да трае и од 1 до 2 недели.

— реклама —

Грчките здравствени служби објавија како да постапите ако ве испече оваа медуза:

  • На опекотината не ставајте: чиста вода, оцет, алкохол и амонијак!
  • Испеченото место треба веднаш да се измие со триење со морска вода.
  • Ако имате сода бикарбона – премачкајте го местото со раствор од сода бикарбона и морска вода во сооднос 1:1, потоа тријте го местото околу 2 минути, за да се спречи понатамошно ширење на отровот.
  • Со пластичната картичка треба да се иструга остатокот од сода бикарбоната, а доколку има остатоци од пипците на медузата – треба да се извадат со пинцета.
  • На опекотината се препорачува да се стави мраз завиткан во ткаенина и да се држи 5 до 15 минути.
  • Ако болката трае и после 15 минути од нанесување на мразот, потребно е повторно да се стави мраз во траење од 5 до 15 минути.
  • Доколку болката и понатаму не поминува, потребно е веднаш да посетите доктор.
  • Со вас носете и лекови против алегија и крем со кортизон.

Досега не е регистриран случај со фатални последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Кој стои зад прислушувањата во Грција? Шефот на компанијата за шпионски софтвер: Нема да бидам жртвено јагне

Свет | пред 3 дена

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Десетици грчки бродови заглавени во Персискиот залив

Свет | пред 4 дена

media-libraryes0u0e9sce6g85iEjHN

Судењето за железничката несреќа во Темпе одложено за 1 април поради повеќекратни прекини

Свет | пред 1 седмица

media-librarynbgfkr53eemdaFu16U1

Започнува судскиот процес по смртоносната железничка несреќа кај Темпи

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања