Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Калас: САД остануваат најголем сојузник на Европа, но ни недостига самодоверба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
w_55031023

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави денеска дека САД остануваат најголемиот и најважен сојузник на Европа, но додаде дека Европската унија мора да развие поголема самодоверба во односите со Русија. Нејзините коментари доаѓаат по објавувањето на новата Стратегија за национална безбедност на САД, во која се наведува дека на Европската унија и дека ѝ недостасува јасна и самоуверена политичка насока.

— реклама —

Документот, објавен на веб-страницата на Белата куќа, предлага САД да ѝ помогнат на Европа да ја „исправи својата моментална траекторија“, што предизвика остра реакција во дел од европската јавност.

— реклама —

Калас, говорејќи на панел-дискусија на Доха форумот во Катар, оцени дека дел од американските критики се оправдани.

— реклама —

„Има многу критики, но некои се точни. Ако погледнеме кон Европа, таа често ја потценува сопствената моќ во односите со Русија. Потребно ни е повеќе самодоверба. САД и понатаму остануваат нашиот најголем сојузник“, истакна Калас.

Нејзините зборови доаѓаат во чувствителен геополитички момент, во кој европските земји се соочуваат со притисок за посилна одбранбена и енергетска автономија, а истовремено се обидуваат да го одржат стратегиското партнерство со Вашингтон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryohd2h0ihu1ad7FZA8ma

Четири европски сили го осудија израелскиот план за проширување на смртната казна

Свет | пред 16 часа

fon-der-lajen

Фон дер Лајен: Клучниот енергетски правец мора да биде безбеден, потребно е решение преку преговори

Свет | пред 6 дена

DSC_0109

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подолговечни од мажите

Македонија | пред 1 седмица

w_55031023

ЕУ повика на прекин на нападите во Либан

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања