Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Камерите казнија над 26 илјади прекршоци: Доминираат казните за брзо возење, помалку се поминува на црвено светло

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Во текот на март, преку системот „Безбеден град“, полицијата евидентирала вкупно 26.241 сообраќаен прекршок на подрачјата каде што се поставени камери.

— реклама —

Најголем дел од прекршоците, дури 25.230, се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, што повторно ја потврдува брзината како најчест ризик на патиштата.

— реклама —

Истовремено, забележан е значителен пад кај прекршоците за минување на црвено светло. Во март се регистрирани 70 вакви случаи, што претставува намалување од 68,2 проценти во однос на февруари.

— реклама —

Покрај тоа, евидентирани се и 941 прекршок за управување возило со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Во истиот период, изречени се 544 мерки забрана за управување со возило, што е намалување од 16,7 проценти споредено со претходниот месец. Од нив, 474 се изречени поради брзо возење, при што 362 се за надминување на брзината за повеќе од 80 километри на час во населено место, 70 за надминување на ограничувањето за повеќе од 10 километри на час кај возила со сопствено ограничување, а 42 за возење со брзина над 170 километри на час надвор од населено место.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

За детската порнографија, претреси се прават и кај претседател на здружение и водител на емисија

Македонија | пред 26 минути

media-librarygpdisff6bl1g7lZEtzm

Полицијата утрово со акција за детска порнографија: Претреси на седум локации, во три градови

Свет | пред 1 час

235146453_220028166623348_2437089087698187375_n

Приведен вработен во МВР: Во центарот на Скопје возел во спротивна насока и се заканувал на службеник

Скопје | пред 2 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени 16 возачи, 12 од нив возеле без возачка

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања