Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

За детската порнографија, претреси се прават и кај претседател на здружение и водител на емисија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

Од утрово се спроведуваат претреси по сомнежи за „производство и дистрибуција на детска порнографија“, меѓу кои и кај претседател и ко-основач на бугарско здружение со седиште во Струмица. Според „Скопје1“, сомнежите се темелат на подолго собирани докази, по кои обвинител издал налог, а судот одобрил претрес. Осомничениот е и водител на емисија што се емитува последниве три месеци од студио во Скопје и се поврзува со Виктор Стојанов и „Фондација Македонија“. Претреси има и во Битола и Охрид, одземени се телефони, лаптопи и мемориски уреди за анализа, без официјални информации од ОЈО и МВР.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Еден од претресите што од утрово се спроведуваат поради сомнежи за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ се врши кај претседател и ко-основач на бугарско здружение во државава, со седиште во Струмица, дознава „Скопје1“.

Според информации од извори на „Скопје1“, сомневањата на полицијата, врз основа на кои обвинител издал налог, а судот го одобрил претресот, биле поткрепени со докази собирани подолг временски период преку оперативни обработки.

— реклама —

Осомниченото лице, како што се наведува, воедно е и водител на емисија која во изминатите три месеци се емитува во јавноста, со студио лоцирано во Скопје. Истото лице се поврзува со Виктор Стојанов од т.н. „Фондација Македонија“, кој е осомничен во друг случај. Поврзувањето е откако, уште од стартот на емисијата, Фејсбук страницата на фондацијата на Стојанов ги повикала следачите да се претплатат на каналот, најавувајќи дека содржината ќе има за цел „објективно претставување на политичката ситуација, со гости од Бугарија, Северна Македонија и регионот“, додавајќи „Плурализацијата на медиумите е во тек“. Во првата емисија, која е јавно достапна, веднаш била испратена и порака за внесување на Бугарите во Уставот.

Претресите, освен во Струмица каде што и е регистрирано здружението, се спроведуваат и во Битола и Охрид. Во рамки на акцијата се одземени повеќе уреди, меѓу кои телефони, лаптопи и мемориски уреди, кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа.

— реклама —

Од Обвинителството и од МВР засега нема официјални информации за случајот, иако од двете институции се побарани детали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 17 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 19 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 19 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања