Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

Битолчанец вработен во училиште осомничен за детска порнографија: истрагата е почната откако Австралија открила ИП-адреси од Македонија

Основното јавно обвинителство во Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишно лице, осомничено за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.Според обвинителството, осомничениот, кој бил вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 1 април 2026 година, на компјутерска опрема што ја користел во својот дом, набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.„Постапката е резултат на предистражни дејствија на јавното обвинителство во координација со СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика Скопје кои произлегоа по известување од австралиската федерална полиција која пред извесен период спровела акција за откривање на веб страници одговорни за дистрибуција на слики и видеа кои содржат материјали од злоупотреба на деца.Австралиските служби спроведоа операција за откривање на корисниците на ИП адреси кои се обиделе да пристапат до една или повеќе од веб-страниците, при што биле идентификувани повеќе уникатни регистрирани корисници, нивните електронски и ІР адреси од кои дел во Р.С. Македонија, за што е испратено известување и до македонските истражни органи. Се преземаат дејствија на проверки и во Скопје и други градови, со цел детална проверка на сите добиени сознанија“, велат од Обвинителството.За осомничениот битолчанец до Основниот суд во Битола доставен е предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvr4ic3qdtv3sbGn2e1C

(Видео) „Немам ништо со детска порнографија“, вели водителот на поткастот од Струга по претресите

Стружанецот Борче Костески, водител на поткастот „Б2 канал“, кај кого вчера МВР изврши претрес по наредба од обвинител и одобрение од суд, тврди дека станува збор за хајка и негира каква било поврзаност со делото за кое се води истрагата.Во видео-обраќање објавено на социјалните мрежи, Костески вели дека акцијата е насочена кон замолчување на неговиот медиум.„Сè е хајка. Тоа што се случи денеска во мојот дом во Струга е хајка за да згасне ‘Б2 каналот’, кој не е точно дека е бугарски, туку е тука и е македонски. Поткастот ‘Конечна пресметка’ е за европска Македонија. Ќе одам во секој медиум што ќе ме покани за да демантирам дека лично јас немам ништо со детска порнографија“, вели Костески.Тој додава дека во полициска станица му било кажано дека наводите се однесуваат на период од пред две или три години.„Во полициска станица во Охрид ми рекоа дека тоа било пред две години, па пред три, а јас прашувам зошто сега, зошто не реагирале тогаш ако имало нешто. Сè што кажаа не е точно и тврдам дека од моја страна сè е чисто“, вели Костески.И официјалот канал на поткастот објави дека полиција влегла во нивното студио„Ова што се случи не е обична контрола – ова е директен удар врз слободата на медиумите и гласот на јавноста“, стои во дел од објавата.Претресот кај него е дел од поширока акција што се спроведува на повеќе локации, меѓу кои Скопје, Струмица и Битола. Одземени се повеќе електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење.Од МВР и Обвинителството ја потврдија акцијата, посочувајќи дека се постапува по сомнежи за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, но засега без дополнителни детали.

Настани | пред 2 седмици

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

За детската порнографија, претреси се прават и кај претседател на здружение и водител на емисија

Еден од претресите што од утрово се спроведуваат поради сомнежи за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ се врши кај претседател и ко-основач на бугарско здружение во државава, со седиште во Струмица, дознава „Скопје1“.Според информации од извори на „Скопје1“, сомневањата на полицијата, врз основа на кои обвинител издал налог, а судот го одобрил претресот, биле поткрепени со докази собирани подолг временски период преку оперативни обработки.Осомниченото лице, како што се наведува, воедно е и водител на емисија која во изминатите три месеци се емитува во јавноста, со студио лоцирано во Скопје. Истото лице се поврзува со Виктор Стојанов од т.н. „Фондација Македонија“, кој е осомничен во друг случај. Поврзувањето е откако, уште од стартот на емисијата, Фејсбук страницата на фондацијата на Стојанов ги повикала следачите да се претплатат на каналот, најавувајќи дека содржината ќе има за цел „објективно претставување на политичката ситуација, со гости од Бугарија, Северна Македонија и регионот“, додавајќи „Плурализацијата на медиумите е во тек“. Во првата емисија, која е јавно достапна, веднаш била испратена и порака за внесување на Бугарите во Уставот.Претресите, освен во Струмица каде што и е регистрирано здружението, се спроведуваат и во Битола и Охрид. Во рамки на акцијата се одземени повеќе уреди, меѓу кои телефони, лаптопи и мемориски уреди, кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа.Од Обвинителството и од МВР засега нема официјални информации за случајот, иако од двете институции се побарани детали.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygpdisff6bl1g7lZEtzm

Полицијата утрово со акција за детска порнографија: Претреси на седум локации, во три градови

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи, во координација со одделенијата при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата.Во рамки на операцијата се вршат претреси на вкупно седум локации, со цел обезбедување докази за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено во Кривичниот законик. Еден од претресите е кај лице кое се поврзува со бугарско здружение во државава.Според неофицијални информации, едно од лицата опфатени со акцијата се поврзува, медиумски ангажмани односно поткасти.Од институциите засега не откриваат дополнителни детали за акцијата бидејќи е во тек.Се очекува по завршување на акцијата да бидат соопштени повеќе информации за резултатите.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања