Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) „Немам ништо со детска порнографија“, вели водителот на поткастот од Струга по претресите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Настани
media-libraryvr4ic3qdtv3sbGn2e1C

Стружанецот Борче Костески, водител на поткастот „Б2 канал“, по претрес извршен од МВР по наредба на обвинител и одобрение од суд, тврди дека станува збор за хајка за замолчување на неговиот медиум и негира поврзаност со истрагата за детска порнографија. Костески вели дека наводите се однесуваат на период од пред 2–3 години и прашува зошто се реагира сега. Каналот објави дека полицијата влегла и во студиото, оценувајќи го тоа како удар врз медиумските слободи. Акцијата е поширока, на повеќе локации (Скопје, Струмица, Битола), одземени се електронски уреди за вештачење. МВР и Обвинителството потврдија постапување, без детали.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Стружанецот Борче Костески, водител на поткастот „Б2 канал“, кај кого вчера МВР изврши претрес по наредба од обвинител и одобрение од суд, тврди дека станува збор за хајка и негира каква било поврзаност со делото за кое се води истрагата.

Во видео-обраќање објавено на социјалните мрежи, Костески вели дека акцијата е насочена кон замолчување на неговиот медиум.

— реклама —

„Сè е хајка. Тоа што се случи денеска во мојот дом во Струга е хајка за да згасне ‘Б2 каналот’, кој не е точно дека е бугарски, туку е тука и е македонски. Поткастот ‘Конечна пресметка’ е за европска Македонија. Ќе одам во секој медиум што ќе ме покани за да демантирам дека лично јас немам ништо со детска порнографија“, вели Костески.

— реклама —

Тој додава дека во полициска станица му било кажано дека наводите се однесуваат на период од пред две или три години.

„Во полициска станица во Охрид ми рекоа дека тоа било пред две години, па пред три, а јас прашувам зошто сега, зошто не реагирале тогаш ако имало нешто. Сè што кажаа не е точно и тврдам дека од моја страна сè е чисто“, вели Костески.

И официјалот канал на поткастот објави дека полиција влегла во нивното студио

„Ова што се случи не е обична контрола – ова е директен удар врз слободата на медиумите и гласот на јавноста“, стои во дел од објавата.

Претресот кај него е дел од поширока акција што се спроведува на повеќе локации, меѓу кои Скопје, Струмица и Битола. Одземени се повеќе електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење.

Од МВР и Обвинителството ја потврдија акцијата, посочувајќи дека се постапува по сомнежи за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, но засега без дополнителни детали.

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

За детската порнографија, претреси се прават и кај претседател на здружение и водител на емисија

Еден од претресите што од утрово се спроведуваат поради сомнежи за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ се врши кај претседател и ко-основач на бугарско здружение во државава, со седиште во Струмица, дознава „Скопје1“.Според информации од извори на „Скопје1“, сомневањата на полицијата, врз основа на кои обвинител издал налог, а судот го одобрил претресот, биле поткрепени со докази собирани подолг временски период преку оперативни обработки.Осомниченото лице, како што се наведува, воедно е и водител на емисија која во изминатите три месеци се емитува во јавноста, со студио лоцирано во Скопје. Истото лице се поврзува со Виктор Стојанов од т.н. „Фондација Македонија“, кој е осомничен во друг случај. Поврзувањето е откако, уште од стартот на емисијата, Фејсбук страницата на фондацијата на Стојанов ги повикала следачите да се претплатат на каналот, најавувајќи дека содржината ќе има за цел „објективно претставување на политичката ситуација, со гости од Бугарија, Северна Македонија и регионот“, додавајќи „Плурализацијата на медиумите е во тек“. Во првата емисија, која е јавно достапна, веднаш била испратена и порака за внесување на Бугарите во Уставот.Претресите, освен во Струмица каде што и е регистрирано здружението, се спроведуваат и во Битола и Охрид. Во рамки на акцијата се одземени повеќе уреди, меѓу кои телефони, лаптопи и мемориски уреди, кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа.Од Обвинителството и од МВР засега нема официјални информации за случајот, иако од двете институции се побарани детали.

Македонија | пред 2 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 14 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 16 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 16 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања