Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Канаѓанец загина во протестите во Иран: „Страдаше од раката на режимот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryg9sl1qlofg1c5Q5exrz

Канаѓански државјанин загина во Иран за време на антивладините протести што ја зафатија земјата, потврдија властите во Отава. Канадската министерка за надворешни работи, Анита Ананд, соопшти дека жртвата настрадала од дејствувањето на иранските власти.

„Тукушто дознав дека канадски државјанин загинал во Иран од раката на иранските власти“, изјави Ананд, додавајќи дека канадските конзуларни службеници се во контакт со семејството на жртвата во Канада.

— реклама —

Таа нагласи дека мирните протести на иранскиот народ, кој бара неговиот глас да биде слушнат во услови на репресија и континуирани кршења на човековите права, довеле до флагрантно непочитување на човечкиот живот од страна на режимот. Ананд повика на итен прекин на насилството врз демонстрантите.

Изјавата доаѓа во време на зголемени регионални и внатрешни тензии, вклучително и антивладините протести во Иран и засиленото меѓународно внимание кон состојбите во земјата.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати вети поддршка за демонстрантите во Иран, каде, според различни извештаи, илјадници луѓе загинале во репресијата на властите. Министрите за надворешни работи на земјите од Г7, меѓу кои и Канада, ја осудија „намерната употреба на насилство“ против демонстрантите, повикувајќи на воздржаност и почитување на човековите права, со предупредување за можни дополнителни мерки.

Во меѓувреме, иранските власти ги обвинија САД и Израел дека стојат зад, како што наведуваат, немирите и терористичките активности поврзани со протестите. Официјални податоци за бројот на загинати не се објавени, додека организации за човекови права тврдат дека од почетокот на протестите кон крајот на декември, илјадници луѓе биле убиени или повредени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 12 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 13 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 13 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања