Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Киднапирање и закани со оружје во Тетовско, приведени три лица, едно е во бегство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
kidnapiranje
Илустрација / Скопје1

Три лица се лишени од слобода, а по едно лице се трага, по пријава за насилство и закани со огнено оружје во тетовското село Гајре, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според пријавата, на 20 февруари 2026 година околу 20.00 часот, З.И.(39) од село Гајре бил пресретнат од Л.М. и 16-годишно малолетно лице, кои излегле од патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки. Тие, според наводите, насилно го внеле во двор од куќа сопственост на Л.М., каде што му упатиле закани со огнено оружје и физички го нападнале со тврд предмет.

— реклама —

По преземени мерки, околу 21.50 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(43) и Е.М.(20) од Гајре, кои биле затекнати во истото возило „голф“, кое претходно не запрело на даден знак за запирање од полициски службеници.

— реклама —

Во селото Гајре, во присуство на родител, од слобода било лишено и 16-годишното малолетно лице. Лицата се задржани во полициска станица, а возилото е задржано за преглед во Полициската станица Тетово.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на Л.М., а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 7 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 8 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 8 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања