Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Киев: Изјавите од Будимпешта и Братислава се провокативни и неодговорни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Украина остро ги осуди изјавите и заканите од Унгарија и Словачка како „провокативни и неодговорни“, оценувајќи дека во услови на руски напади врз енергетската инфраструктура тие му одат во прилог на агресорот и им штетат и на нивните енергетски компании. Киев соопшти дека е во контакт со ЕК, доставил податоци за ударите врз нафтоводот „Дружба“ и предложил алтернативни правци за неруска нафта. Поради заканите, разгледува активирање механизам за рано предупредување и повика на дијалог, со порака ултиматумите да се упатат кон Кремљ.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Украинските власти остро реагираа на, како што ги оценија, заканите и изјавите од Будимпешта и Братислава, нагласувајќи дека таквите потези се „провокативни и неодговорни“, особено во услови кога Русија спроведува масовни и целни напади врз украинската енергетска инфраструктура.

— реклама —

Според соопштението од Киев, во момент кога Москва се обидува во текот на зимата да им ги ускрати на Украинците струјата, греењето и гасот, ваквите изјави „одат во прилог на агресорот“ и истовремено им нанесуваат штета на енергетските компании од Унгарија и Словачка, кои работат на комерцијална основа.

— реклама —

Украина посочува дека е во постојана комуникација со Европската комисија поради штетите предизвикани од секојдневните руски напади, како и дека на Будимпешта и Братислава им доставила податоци за последиците од ударите врз инфраструктурата на нафтоводот „Дружба“. И покрај континуираната опасност од нови ракетни напади, безбедносните и стабилизациските работи продолжуваат, се наведува во соопштението.

— реклама —

Киев истакнува дека предложил и алтернативни правци за снабдување на Унгарија и Словачка со нафта која не е од руско потекло, нагласувајќи дека Украина „секогаш била, е и ќе остане сигурен енергетски партнер на Европската унија и важна транзитна земја за енергенси“.

Воедно, поради, како што се наведува, неоснованите и неодговорни закани од Будимпешта и Братислава, Украина разгледува можност за активирање на Механизмот за рано предупредување предвиден во Спогодбата за асоцијација меѓу Украина и Европската унија.

Од украинското министерство упатија повик до владите на Унгарија и Словачка за конструктивен дијалог и одговорно однесување, порачувајќи дека ултиматумите треба да бидат насочени кон Кремљ, а не кон Киев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 8 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања