Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кои се кандидатите: Двајца од СЈО, тројца од Скопско и пет бараат реизбор за да гонат организиран криминал кај Абази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
islam-abazi-2

За пет места во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се пријавени 10 обвинители: пет актуелни обвинителки од ова обвинителство, двајца виши обвинители (поранешни од СЈО) и тројца од скопското Обвинителство. Не е сигурно дали изборот ќе биде утре, поради изборот на новиот републички обвинител. Меѓу кандидатките се Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Енѓелуше Кадриу‑Леши, Ивана Алексова‑Трајчева и Сузана Мирческа‑Кузмановска, со наведени предмети како „Ликвидација“, „Поткуп“, „Рекет“, „Меѓународен сојуз“, случаи против Рашковски и Димова, и постапки за трагедијата во „Пулс“. Кандидати се и Артан Ајро и Трајче Пеливанов (од Вишото, поранешни од СЈО), како и Александар Маркоски, Ана Гоговска‑Јакимовска („Онкологија“) и Ана Стојановиќ‑Димитровска (случајот Вања). Мандатот трае 4 години, обвинителството го води Ислам Абази.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Двајца обвинители кои беа во згаснатото СЈО, а сега се во Вишото скопско обвинителство, и тројца обвинители од скопското Обвинителство, заедно со пет актуелни обвинителки од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, се борат за мандат во ова обвинителство. За пет места пријавени се десет обвинители. Непознато е дали изборот ќе се направи утре (среда), бидејќи истиот ден треба да се избере новиот републички обвинител, Ненад Савески. Во спротивно, ќе треба на седницата да присуствува и да бира в.д. обвинителката.

— реклама —

Во трката за нов мандат во Обвинителството за гонење организиран криминал влегува Марија Ѓоргева, позната како внука на пензионираниот претседател на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев. Таа го презема и го водеше случајот „Ликвидација“ против новинарот Томислав Кежаровски. Во кариерата ѝ се впишува искуството како стручен соработник во Кривичниот суд, па виш соработник во друг суд.

— реклама —

Нов мандат бара и Валентина Беслимовска, која од приправник во Граѓанскиот суд станала обвинител во скопското Обвинителство. Во 2022 година беше негативно оценета од Русковска, па потоа реоценета и избрана во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Таа во 2018 година го смени обвинението за „Поткуп“ против Заев. Беслимовска подолго време е на боледување, а на нејзино место предметите ги застапува друг обвинител.

— реклама —

Енѓелуше Кадриу-Леши е позната по тоа што се кандидираше за шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по што ја повлече кандидатурата, а функцијата ја доби актуелниот шеф Ислам Абази. Таа во декември 2024 година беше избрана за заменик-член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Ивана Алексова-Трајчева ги работеше предметите против Драги Рашковски, кој беше генерален секретар во Владата на Заев, а го гонеше и Исмет Гури од ДУИ, кој беше заменик-управник во УЈП. Пред суд ги застапуваше предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“. Моментално е шефица на полициското одделение во Обвинителството и покрена три обвиненија против полицајци и началници за трагедијата во кочански „Пулс“.

Сузана Мирческа-Кузмановска е исто така меѓу кандидатите. Таа ја гонеше ексдиректорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција има од прилика 4 мандати. Во јавните архиви со нејзинот име нема известувања за предметите кои ги водела, а може да се најде само коментар за тоа дека корупцијата најтешко се докажува.

Меѓу кандидатите се и двајцата виши обвинители Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои пред да бидат избрани во Вишото скопско обвинителство дојдоа токму од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Овие обвинители беа дел и од згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Тројцата останати обвинители доаѓаат од Скопското обвинителство.

Александар Маркоски, познат како Брада, го застапуваше предметот против Васил Јовановски, кој ја усмрти Фросина на пешачки премин кај Универзална. Нема други случаи од висок јавен интерес за кои е известувано во медиумите.

Обвинителката Ана Гоговска-Јакимовска го води случајот „Онкологија“, каде обвинети се доктори заедно со ексдиректорот на установата. Нема други случаи од висок јавен интерес за кои е известувано во медиумите.

И обвинителката Ана Стојановиќ-Димитровска сака да гони организиран криминал. Таа беше една од двете обвинителки кои го водеа случајот за малата Вања, истрага која беше мета на многу критики од страна на правници.

Мандатот на обвинителите во ова обвинителство е четири години, а со него раководи обвинителот Ислам Абази.

Пред половина година мандат во ова обвинителство добија и обвинителките Наташа Поп-Трајкова и Катерина Коларевиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

Советот на обвинители ја одби Ленче Ристоска: Нема докази за политички притисоци

Македонија | пред 10 часа

media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

Мицкоски го одби Савески за зголемен буџет за плати на обвинителите: Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Ненад Савески избран за државен јавен обвинител, го поддржаа 66 пратеници

Македонија | пред 1 седмица

media-library271n70jac5nfbQSOCoz

Застој во борбата против криминалот: Пет обвинители кои гонеа организиран криминал останаа без мандат поради ненавремениот избор од Советот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања