Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кој е ставот на Мицкоски за истрагата против градоначалникот на Петровец од ВМРО-ДПМНЕ?, прашува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Image-2022-05-18-2

„Целата јавност сведочи дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не прават ништо за граѓаните, работат исклучиво за лични и партиски интереси“, вели СДСМ.

— реклама —

Тие додаваат:

— реклама —

„За градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски и неговиот брат, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јавното обвинителство отвори истрага, под сомнение за злоупотреба на службена должност и перење пари.

— реклама —

Градоначалникот Митевски се сомничи дека во период од шест години потпишал 24 фиктивни фактури во вредност од половина милион евра на фирми чиј вистински сопственик е неговиот брат.

Не така одамна за истиот овој градоначалник, Христијан Мицкоски изјави дека сите неуспешни градоначалници треба да го следат примерот на Митевски.

Дали истраги и кривични пријави се примерите на Митевски кои треба да ги следат и другите градоначалници?

Дали под неуспешни градоначалници Мицкоски мисли на оние градоначалници против кои не се водат истраги од Јавното обвинителство како што се водат против неговиот градоначалник од Петровец?

На крајот, Мицкоски треба да одговори и кој е неговиот став за истрагата против Митевски?

Оваа истрага е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од криминалната матрица, дека Мицкоски се уште е опкружен со криминогени ликови од времето на режимот.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ шест месеци не реализираа ниту еден проект, а проектите од претходните локални власти на СДСМ ги промовираат како свои, но за истиот период потрошија стотици илјади евра за непродуктивни трошоци и партиски вработувања“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања