Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кој е уапсениот за 50.000 евра мито: Кој е Васе Анакиев: директор, партиски функционер и сега осомничен за корупција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryuvbq70f5b3qkbUy2O0i

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, според неофицијални информации е приведен под сомнение дека побарал и примил мито од околу 50.000 евра. Нема официјална потврда за неговиот идентитет и деталите. ОЈО ГОКК соопшти дека во координација со МВР се спроведува акција поради основано сомнение за коруптивни кривични дела, а детали ќе има по завршување. Анакиев е на функцијата од јули 2024, агроном по образование и магистер по економски науки; работел во МЗШВ од 2008, бил претседател на комисија за земјиште (2012–2014) и на Советот на Чешиново-Облешево (2017–2021). Истрагата проверува дали има поширока мрежа.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој според неофицијални информации е уапсен под сомнение за примање мито од околу 50.000 евра, е долгогодишен функционер во секторот земјоделство и активен во политиката како потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ).

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Анакиев на функцијата директор на Инспекторатот стапил во јули 2024 година. По образование е дипломиран инженер агроном, а во 2024 година магистрирал економски науки на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Неговото професионално искуство започнува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство уште во 2008 година. Подоцна бил член, а потоа и претседател на Комисијата за доделување на земјоделско земјиште, функција што ја извршувал во периодот од 2012 до 2014 година. Во периодот од 2017 до 2021 година бил претседател на Советот на Општина Чешиново-Облешево.

media-librarym8eg4im4p5fm2BgrD5y

Според информациите до кои дојде „Скопје1“, Анакиев бил приведен во акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност, при што бил фатен при барање и примање поткуп.

Во моментов нема официјална потврда од институциите за неговиот идентитет, ниту за сите детали од случајот. Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираа дека акцијата се спроведува во координација со МВР поради основано сомнение за коруптивни кривични дела.

„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. Детали ќе бидат соопштени по завршување на акцијата“, велат од обвинителството.

Истражните органи утврдуваат дали станува збор за изолиран случај или постои поширока коруптивна мрежа, додека од извори вклучени во акцијата неофицијално се брифира дека ова е дел од засилените активности за борба против корупцијата.

Се очекуваат официјални информации во текот на денот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuvbq70f5b3qkbUy2O0i

30 дена во затворот во Шутка ќе помине директорот фатен со мито од 50.000 евра

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylanq5msr06k433oK8i4

Обвинител бара притвор за директорот на Инспекторатот за земјоделство: притискал за блокада на увоз, па барал 50.000 евра

Македонија | пред 1 седмица

media-library8gbvr9cjkq0qcYtjtet

Министерството за земјоделство: Никој не е над законот, очекуваме целосно расчистување на случајот со уапсениот директор

Македонија | пред 1 седмица

media-library98de86mmbqsi9tnQu1b

Детали од МВР: Директорот уапсен со 50.000 поткуп побарал дупло поголема сума, парите ги давала фирма-шпедитер, Анкиев бил фатен на дело

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања