Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Обвинител бара притвор за директорот на Инспекторатот за земјоделство: притискал за блокада на увоз, па барал 50.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarylanq5msr06k433oK8i4

ОЈО за гонење организиран криминал и корупција побара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, осомничен за „примање поткуп“, по акција со МВР и отворање истрага. Според доказите, тој барал имотна корист за да влијае на постапки за увоз на стока, вршел притисок да се блокира увоз за одредена фирма и стоката останала на граница. Потоа побарал 50.000 евра, кои биле предадени преку шпедитер, по што бил уапсен. Истрагата продолжува.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побара определување мерка притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, осомничен за примање поткуп.

— реклама —

Обвинителството информира дека, по спроведена предистражна постапка и координирана акција со МВР, е донесена наредба за спроведување истрага против осомничениот, кој се товари за кривично дело „примање поткуп“.

— реклама —

Според досега обезбедените докази, осомничениот во периодот од почетокот на месецот до неговото апсење, како службено лице, директно побарал значителна имотна корист за да влијае врз службени постапки поврзани со увоз на стока.

— реклама —

Тој, како што наведуваат од ОЈО ГОКК, вршел притисок врз други службени лица да не дозволат увоз на стока за одредена фирма, иако таа претходно повеќепати била увезувана. Како образложение било наведено дека стоката не ги исполнува законските услови, поради што таа со денови останала блокирана на граничен премин.

Откако увозникот побарал дополнително објаснување, осомничениот, според истрагата, започнал со барање поткуп. На средба со шпедитерот и оштетениот, директно побарал 50.000 евра како прва рата, со договор останатите средства да бидат исплатени дополнително за идни увози.

Парите биле предадени преку посредник – шпедитер, кој остварил средба со осомничениот, по што било извршено примопредавањето. Веднаш потоа, полицијата го лишила од слобода.

Обвинителството оценува дека постојат околности кои го оправдуваат барањето за притвор и до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување на оваа мерка.

Истрагата продолжува, а се испитува и евентуална поширока инволвираност во случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuvbq70f5b3qkbUy2O0i

30 дена во затворот во Шутка ќе помине директорот фатен со мито од 50.000 евра

Македонија | пред 1 седмица

media-library8gbvr9cjkq0qcYtjtet

Министерството за земјоделство: Никој не е над законот, очекуваме целосно расчистување на случајот со уапсениот директор

Македонија | пред 1 седмица

media-library98de86mmbqsi9tnQu1b

Детали од МВР: Директорот уапсен со 50.000 поткуп побарал дупло поголема сума, парите ги давала фирма-шпедитер, Анкиев бил фатен на дело

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryuvbq70f5b3qkbUy2O0i

Кој е уапсениот за 50.000 евра мито: Кој е Васе Анакиев: директор, партиски функционер и сега осомничен за корупција

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања