Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВАСЕ АНКИЕВ

media-librarylanq5msr06k433oK8i4

Кој од власта стои зад новиот корупциски скандал во земјоделието?, прашува СДСМ по апсењето на директорот Анкиев

СДСМ обвини дека последниот случај со апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, претставува сериозен показател за, како што велат, системска корупција во институциите под раководство на Владата.Од опозициската партија посочуваат дека Анакиев е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп од 50.000 евра, оценувајќи дека станува збор за „уште еден доказ“ за, како што наведуваат, организирано делување на власта.СДСМ потсетува дека неодамна беше отворен и друг случај поврзан со земјоделскиот сектор, во кој директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството беше исто така осомничен за примање мито во ист износ.Според партијата, ваквите случаи имаат директни последици врз земјоделците и врз функционирањето на системот. Тие наведуваат дека поради корупциски скандали била суспендирана ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра, како и дека се намалени субвенциите и откупните цени.„Прашањето е кој друг од власта е вмешан? Не може толку многу корупција да има на пониските ешалони, а врвот да не знаел“, наведуваат од СДСМ.Од партијата бараат темелна истрага која ќе ја утврди одговорноста „од првиот до последниот“, нагласувајќи дека институциите треба да постапуваат неселективно.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryuvbq70f5b3qkbUy2O0i

30 дена во затворот во Шутка ќе помине директорот фатен со мито од 50.000 евра

Основниот кривичен суд Скопје му определи мерка притвор во траење од 30 дена на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анкиев, осомничен за примање поткуп.Судот го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, при што притворот е определен по сите три законски основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и опасност од повторување на делото.Случајот се отвори по акција на Единицата за корупција при МВР, кога осомничениот беше приведен под сомнение дека побарал и примил поткуп во износ од 50.000 евра, како дел од договорена сума од 100.000 евра.Според истрагата, тој како директор вршел притисок врз службени лица да не дозволат увоз на стока за одредена фирма, иако таа претходно била увезувана, по што започнал да бара пари за да го „реши“ случајот и да овозможи непречен увоз.Парите биле предадени преку посредник – шпедитер, а при полициска контрола биле пронајдени во возило, под совозачкото седиште. По примопредавањето, осомничениот беше лишен од слобода.Обвинителството претходно информираше дека против него е отворена истрага за кривично дело „примање поткуп“, а се испитува и дали постои поширока мрежа на инволвирани лица.Од Министерството за земјоделство порачаа дека случајот мора целосно да се расчисти и дека „никој не е над законот“, нагласувајќи дека борбата против корупцијата е приоритет.Истрагата продолжува.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylanq5msr06k433oK8i4

Обвинител бара притвор за директорот на Инспекторатот за земјоделство: притискал за блокада на увоз, па барал 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побара определување мерка притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, осомничен за примање поткуп.Обвинителството информира дека, по спроведена предистражна постапка и координирана акција со МВР, е донесена наредба за спроведување истрага против осомничениот, кој се товари за кривично дело „примање поткуп“.Според досега обезбедените докази, осомничениот во периодот од почетокот на месецот до неговото апсење, како службено лице, директно побарал значителна имотна корист за да влијае врз службени постапки поврзани со увоз на стока.Тој, како што наведуваат од ОЈО ГОКК, вршел притисок врз други службени лица да не дозволат увоз на стока за одредена фирма, иако таа претходно повеќепати била увезувана. Како образложение било наведено дека стоката не ги исполнува законските услови, поради што таа со денови останала блокирана на граничен премин.Откако увозникот побарал дополнително објаснување, осомничениот, според истрагата, започнал со барање поткуп. На средба со шпедитерот и оштетениот, директно побарал 50.000 евра како прва рата, со договор останатите средства да бидат исплатени дополнително за идни увози.Парите биле предадени преку посредник – шпедитер, кој остварил средба со осомничениот, по што било извршено примопредавањето. Веднаш потоа, полицијата го лишила од слобода.Обвинителството оценува дека постојат околности кои го оправдуваат барањето за притвор и до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување на оваа мерка.Истрагата продолжува, а се испитува и евентуална поширока инволвираност во случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library8gbvr9cjkq0qcYtjtet

Министерството за земјоделство: Никој не е над законот, очекуваме целосно расчистување на случајот со уапсениот директор

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека најостро го осудува секое незаконско постапување, реагирајќи на случајот со апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство.Од Министерството наведуваат дека очекуваат Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите.„Секое прекршување на законите и злоупотреба на службената положба за личен интерес мора и ќе биде санкционирано. Секој што се огрешил пред законот ќе сноси одговорност“, се наведува во реакцијата.Оттаму потенцираат дека борбата против корупцијата е врвен приоритет и дека, како што велат, „никој не е над законот“.Во соопштението се прави и политичка дистинкција, при што се посочува дека, за разлика од претходните власти, актуелната Влада спроведува неселективна правда, без оглед на функцијата или политичката припадност.„Повеќе нема привилегирани и заштитени, ќе одговара секој, без исклучок“, нагласуваат од Министерството.Воедно, ги повикуваат земјоделците да пријавуваат евентуални злоупотреби, уверувајќи дека институциите функционираат транспарентно и во интерес на граѓаните.

Македонија | пред 1 седмица

media-library98de86mmbqsi9tnQu1b

Детали од МВР: Директорот уапсен со 50.000 поткуп побарал дупло поголема сума, парите ги давала фирма-шпедитер, Анкиев бил фатен на дело

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анкиев (41) од Кочани, е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, акцијата е спроведена на 20 март 2026 година од страна на Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во рамки на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, при што против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за кривично дело „примање поткуп“.„В.А., во својство на службено лице, директор на Државен инспекторат за земјоделство, со цел стекнување на противправна имотна корист од сопственик на правен субјект кој се занимава со увоз, индиректно преку лице шпедитер побарал поткуп во износ од 100.000 евра, за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. Имено, на оштетеното лице му било образложено дека за стоката која што ја увезува има забрана за влез и дека истата треба да се врати, бидејќи не е во согласност со важечките законски прописи и дека претходно од страна на Државниот инспекторат за земјоделство бил изготвен записник. Со цел увозот да се изврши непречено, на оштетеното лице му биле побарани 100.000 евра, кои требало да ги предаде во три наврати и тоа во еден наврат износ од 50.000 евра и во два наврати по 25.000 евра. На 19.03.2026 извршено е примопредавање на предметните парични средства во износ од 50.000 евра како прва рата од побараниот поткуп, при што истите првично од оштетеното лице ги презема шпедитерот, со цел подоцна да ги предаде на В.А.. По земањето на парите од страна на В.А., преземени се оперативно тактички мерки и активности и врз основа на издадени наредби извршен е преглед на лице, превозно средство и багаж. При прегледот на патничко моторно возило, под совозачкото седиште, парите се пронајдени и одземени“, велат од МВР.Истрагата продолжува, а надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryuvbq70f5b3qkbUy2O0i

Кој е уапсениот за 50.000 евра мито: Кој е Васе Анакиев: директор, партиски функционер и сега осомничен за корупција

Актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој според неофицијални информации е уапсен под сомнение за примање мито од околу 50.000 евра, е долгогодишен функционер во секторот земјоделство и активен во политиката како потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ).Анакиев на функцијата директор на Инспекторатот стапил во јули 2024 година. По образование е дипломиран инженер агроном, а во 2024 година магистрирал економски науки на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.Неговото професионално искуство започнува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство уште во 2008 година. Подоцна бил член, а потоа и претседател на Комисијата за доделување на земјоделско земјиште, функција што ја извршувал во периодот од 2012 до 2014 година. Во периодот од 2017 до 2021 година бил претседател на Советот на Општина Чешиново-Облешево.Според информациите до кои дојде „Скопје1“, Анакиев бил приведен во акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност, при што бил фатен при барање и примање поткуп.Во моментов нема официјална потврда од институциите за неговиот идентитет, ниту за сите детали од случајот. Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираа дека акцијата се спроведува во координација со МВР поради основано сомнение за коруптивни кривични дела.„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. Детали ќе бидат соопштени по завршување на акцијата“, велат од обвинителството.Истражните органи утврдуваат дали станува збор за изолиран случај или постои поширока коруптивна мрежа, додека од извори вклучени во акцијата неофицијално се брифира дека ова е дел од засилените активности за борба против корупцијата.Се очекуваат официјални информации во текот на денот.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylanq5msr06k433oK8i4

ОЈО ГОКК потврди акција за корупција: приведен директор за мито

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека во тек е координирана акција со Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа.„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата“, соопштија од обвинителството.Претходно, според неофицијални информации од истрагата, актуелен директор на државна институција е лишен од слобода под сомнение за примање мито. Станува збор за акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност.Неофицијално, се посочува дека приведен е директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, кој бил фатен при барање и примање поткуп во износ од околу 50.000 евра.Засега нема официјална потврда за идентитетот на приведеното лице, ниту за сите детали од случајот. Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за изолиран случај или за поширока корупциска мрежа.Од извори вклучени во акцијата неофицијално се брифира дека станува збор за дел од засилените активности за борба против корупцијата, со акцент на неселективно постапување.Се очекуваат повеќе информации по завршување на акцијата.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryuvbq70f5b3qkbUy2O0i

(Фото) Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР

Актуелен директор на државна институција вечерва е лишен од слобода под сомнение за примање мито, во акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата.Според неофицијални информации, станува збор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, кој бил фатен при барање и примање поткуп во износ од околу 50.000 евра. Тој директорува од јули 2024 година.Во моментов нема официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на приведениот, ниту за сите детали од случајот. Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за индивидуален случај или постои поширока мрежа на корупција.Од извори вклучени во акцијата, неофицијално се брифира дека станува збор за дел од засилените активности за сузбивање на корупцијата, кои акции, ќе продолжат и идниот период.Се очекуваат официјални информации од МВР и Обвинителството во текот на ноќта или утрешниот ден.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања