Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кој од власта стои зад новиот корупциски скандал во земјоделието?, прашува СДСМ по апсењето на директорот Анкиев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarylanq5msr06k433oK8i4

СДСМ обвини дека последниот случај со апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, претставува сериозен показател за, како што велат, системска корупција во институциите под раководство на Владата.

Од опозициската партија посочуваат дека Анакиев е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп од 50.000 евра, оценувајќи дека станува збор за „уште еден доказ“ за, како што наведуваат, организирано делување на власта.

— реклама —

СДСМ потсетува дека неодамна беше отворен и друг случај поврзан со земјоделскиот сектор, во кој директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството беше исто така осомничен за примање мито во ист износ.

Според партијата, ваквите случаи имаат директни последици врз земјоделците и врз функционирањето на системот. Тие наведуваат дека поради корупциски скандали била суспендирана ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра, како и дека се намалени субвенциите и откупните цени.

— реклама —

„Прашањето е кој друг од власта е вмешан? Не може толку многу корупција да има на пониските ешалони, а врвот да не знаел“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата бараат темелна истрага која ќе ја утврди одговорноста „од првиот до последниот“, нагласувајќи дека институциите треба да постапуваат неселективно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 1 минута

— реклама —
media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 18 часа

media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 18 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања