Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Коридорот 10-д во фокус: Се разгледува автопат низ Плетвар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
nikoloski3-2

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави интензивна работа за решавање на делницата Фариш–Прилеп, која не смее да остане „црна дупка“, со цел комплетирање на Коридорот 10-д што ги поврзува Скопје и Атина. Тој вели дека овие 25 км се клучни за да се скрати патувањето Скопје–Атина од 8–8,5 на 5–5,5 часа и да се поттикнат трговијата и бизнисот. Активности има и во Грција и во Македонија, а стручните служби ќе одлучат дали ќе биде автопат поради тежок терен.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Делницата од Фариш до Прилеп не може и не смее да остане „црна дупка“, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, најавувајќи интензивна работа на решение за изградба на автопат или експресен пат, со цел комплетирање на Коридорот 10-д, кој треба да ги поврзе Скопје и Атина.

— реклама —

Во интервју за „360 степени“, Николоски истакна дека завршувањето на овој потег е предуслов за целосен развој на трасата Скопје – Битола – Атина.

— реклама —

„Природно е ние да го завршиме овој проект, затоа што за да се развие Коридорот 10-д, а тоа е потегот Скопје-Битола-Атина и да се скрати патувањето од Скопје до Атина од сегашни 8 до 8 ипол часа на 5 до 5 ипол часа, што ќе значи комплетно нов однос помеѓу двете држави во делот на трговија и бизнис, ние мора овие 25 километри да ги завршиме“, рече Николоски.

— реклама —

Тој посочи дека активностите се одвиваат паралелно од македонска и од грчка страна.

„Грците интензивно работат на нивна страна, од граница, преку Лерин кон Кожани се работи автопатот, ние интензивно работиме на наша страна автопат од Прилеп до Битола. Втора фаза е обиколница на Битола-Жабени и граничен премин. Од друга страна се изгради делот кој што оди Градско-Дреново-Фариш и не може да остане црна дупка делот од Фариш до Прилеп или популарниот Плетвар и најдобро е да се реши со автопат“, додаде Николоски.

Според него, конечната одлука дали потегот од Фариш до Прилеп ќе се гради како автопат ќе ја донесат стручните служби, имајќи предвид дека станува збор за сложен и технички предизвикувачки терен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym0m9gkp8hijf3mLUncV

Николоски: Бизнис форумот во Будимпешта отвора нови инвестициони можности

Македонија | пред 3 часа

media-library6p39a315gen96uL3GTW

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромит

Македонија | пред 1 ден

media-library31l07vf1pj94c7E83Li

Отворена „ТЦ Централа“ во Скопје – симбол на енергетска трансформација

Македонија | пред 3 дена

media-librarymonvddctngbddjDrX6s

Николоски: УМС е домаќин на најголемиот европски настан на кој се усвојуваат нови политики во делот на младинското и студентското организирање

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања