Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Костадиновски за МИА: После 33 години Уставен од септември почнува реформа во работењето со новиот Акт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4322

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Дарко Костадиновски во интервју посочува дека Судот во јуни направи голема реформа кога го донесе новиот Акт, со којшто практично е унапредено работењето кое претходно цели 30тина години беше предмет на критики за манипулативност на судии, на претседател на Судот, за компромиси со политиката за сензитивни предмети, за бавноста во постапувањето и одлучувањето.

— реклама —

Една од најважните новини, како што вели, е ограничувања и временски рокови за судиите и претседателот на Судот во постапката по предмети.

— реклама —

-Се предвидува рок за судија известител за поднесување на реферат за седница од 6 месеци, во спротивно да ги образложи причините за пречекорување на рокот. Исто се предвидува рок за претседателот на Судот за доставените реферати да ги изнесе на седница во рок од 30 дена од доставувањето, во спротивно да го извести Судот за пречекорување на рокот. Со оваа битна измена моќта на судијата известител и на претседател на Судот се ограничува, и моќта преминува во Судот, во одлучување на образложенијата од страна на 9 судии. Постапките добиваат цврста временска рамка. И претходно оваа интервенција во Актот ја нареков „антиманипулативна мерка”. Јавно истакнувам дека доследно ќе ги почитувам одредбите од Акот кој стапува на сила од денес (1 септември), истакнува Костадиновски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryar214oqn9b55fERT9gt

ВЛЕН критикува: Уставниот Суд наликува на југословенска политичка елита

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv1nltt7a38cc1GWVltm

Уставниот суд денеска расправа за проектот „Сејф сити“

Македонија | пред 2 седмици

ustaven

Уставниот суд ќе ги пренесува седниците во живо

Македонија | пред 1 месец

ustaven-sud

Уставниот суд отвора редовни средби со граѓаните по повод 62 години од основањето

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања