Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ковачевски и Мицкоски немаат легитимитет да менуваат Устав! Секоја промена е еднаква на национално предавство, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
339640197_170905158777813_3186761230840062777_n

Откако Христијан Мицкоски го премолчи неуставното воведување на двојазични униформи, деновиве јавноста е сведок на РЕТЕРИРАЊЕ од првичните ставови дека никаква промена на Уставот нема да поддржат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата Левица во својата објава на социјалните мрежи.

„Иако ВМРО-ДПМНЕ знае дека барањата на официјална Софија се вметнување на Бугарите во Уставот како конститутивен народ, под изговорот хрватска преамбула, Мицкоски ја отвора можноста за седнување на маса и промена на Уставот под бугарски диктат!

— реклама —

Токму Мицкоски тврдеше дека неговата партија нема да поддржи НИКАКВИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ и дека не може да се преговара додека нема реципроцитет со Македонците во Бугарија. Политичка НЕЗРЕЛОСТ е да се очекува дека официјалната бугарска политика ќе ретерира од своите неоврховистички барања, со оглед на фактот дека бугарската политика кон Македонија не е промената од времето на Тодор Живков!

Дури и ЕУ експерти предупредија дека со внесување на Бугарите во Уставот се отвора можност за Бугарија да се повикува на меѓународни Конвенции за заштита на националните малцинства и официјална Софија да наоѓа оправдувања да го кочи пристапниот процес на Македонија во ЕУ. Македонците со Бугарија не споделуваат заедничка историја, затоа што бугарската фашистичка власт била окупатор и се борела против АСНОМ-ска Македонија, а тоа е темелот на современа Македонија.

— реклама —

Дополнително, искуството потврдува дека секое отворање на Уставот под ДИКТАТ на странски сили било погубно по суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката. Промена на Уставот под притисок и уцени на други држави е флагрантно мешање во внатрешните работи на Македонија и секој политичар кој претендира да ја освои власта мора да биде свесен за ваквиот анти-државнички чин, кој е еднаков на национално предавство.

#СофискаПлатформа“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања