Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ковачевски: Изборот ќе биде помеѓу „просперитетна иднина со СДСМ“ и „заглавени и понижени со ДПМНЕ“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
1-26

На претстојните избори немам дилема дека изборот ќе биде помеѓу „надеж“ и „безнадежност“, помеѓу „просперитетна иднина со СДСМ“ и „заглавени и понижени со ДПМНЕ“ - истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.

— А повторно заглавување, со наведната глава, никој не сака. Никој не сака да чека нови 11 години во нови чекални. Сите се сеќаваме како изгледаше кога менторот на Мицковски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното. Мицковски, само ќе продолжи таму каде што неговиот ментор застана, ќе продолжи да копа до ново дно, ќе нѐ дозакопа и ќе не дозаглави, само за своја лична сатисфакција.

— реклама —

ДПМНЕ не ги интересира иднината на државата и граѓаните. Пример за тоа ни се локалните избори. Тогаш ветуваа сѐ што им паднало на памет, ветуваа брда и планини, на крај ништо не направија. Битола исто како Скопје исто како и многу други општини на ВМРО живее во хаос, нереализирани проекти, без никакви реални и суштински промени. - рече Ковачевски

-Битола и Битолчани знаат која е најдобрата опција за подобра и просперитетна иднина. Која опција носи надеж, обезбедува подобар и подостоинствен живот за сите, опција која не е откажува од европскиот пат. - посочи Ковачевски денес во Битола

— реклама —

-Визија на СДСМ за иднината е реална и остварлива! Точно знаеме што ќе направиме и како ќе го направиме тоа. Наскоро ќе ја презентираме и нашата изборна програма која содржи реални и остварливи мерки. Програма која ќе биде пример за тоа како треба да се работи за да се обезбеди повисоки плати и пензии, посилна економија, подобро образование и здравство, конкурентно земјоделство. Програма за сите – за младите, за пензионерите, за земјоделците, за стопанството, за работниците. Програма со која предвидуваме сериозни и издржани проекции кои ќе донесат економски раст и развој.- порача Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања