Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Крајна неспособност и кукавичлук на Тошковски - оставка веднаш, бара Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
468618827_1149633926519670_5110735198712976608_n

„Бализам, иредентизам, шовинизам, сецесионизам беа пораките кои одекнуваат во неколку градови во Македонија, а најмногу во Скопје, за време на вчерашното дивеење по повод „прослава“ на Денот на албанското знаме. Министерството раководено од Тошковски, во име нa коалицискиот мир и стабилност во Влада, покажа дека нема намера, ниту капацитет, да ги обезбеди безбедноста и достоинството на македонските граѓани“, соопшти Левица.

— реклама —

„Во моменти кога граѓаните бараа одговори и реакција, премиерот Христијан Мицкоски и Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски избраа молк и кукавички се сокрија од јавноста. Нивната коалиција со структури како ВРЕДИ, кои отворено дивееја и ја понижуваа Македонија, само го потврдува нивното учество во организираниот хаос.

— реклама —

Левица го повикува обвинителството да постапи според член 319 од Кривичниот законик, согласно којшто загрозувањето на сигурноста, подбив со националните, етничките и верските симболи, сторителите се казнуваат со затвор од една до пет години. На фотографиите и видеата, јасно се гледаат лицата и регистарските ознаки на автомобилите, што овозможува МВР да ги идентификува сторителите. Доколку ова не биде направено, тогаш власта станува соучесник во ваквите настани.

— реклама —

Државата не смее да си дозволи сервилност додека се сквернават националните симболи, се спроведува неред и насилство и се кршат законите. Владата која не може да обезбеди ред во еден ден, не може да ја води државата низ сложени политички и безбедносни предизвици.

Министерството за внатрешни работи, под водство на Тошковски, покажа дека нема ниту капацитет, ниту визија да спречи инциденти. Оттука, по низата претходни скандали и неразјаснети престрелки во градот, бараме итна оставка на Министерот Панче Тошковски!“, се додава во соопштението на Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 19 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања