Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кривична пријава против лице од Скопје поради семејно насилство врз неговите малолетните деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесе кривична пријава против З.Ц. од Скопје, овластено службено лице во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 и „неизвршување судска одлука“ по член 377 од Кривичниот законик. Додека, од Основниот граѓански суд со решение на З.Ц. му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство на неговите малолетни деца во траење од 12 и три месеци со забрана да врши психичко насилство врз неговите малолетни деца и да ги инволвира во постапките кои родителите ги водат пред надлежните институции.

— реклама —

Но, и покрај мерките, З.Ц. преку телефон и на социјална мрежа остварил контакт со едното малолетно дете и влијаел на градење на негативен став за мајката со цел дасе обиде да ѝ го одземе старателството и воедно го инволвирал во постапка пред надлежна институција.

— реклама —

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, заради постапување спротивно на член 26 став 1 и 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 7 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 8 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 8 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања