Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кривична пријава против поранешниот директор на „Комуналец“ Струмица за бесправна градба и злоупотреба на службена положба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
policija-1313

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против З.Г. (56) од Струмица – поранешен директор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица, против самото јавно претпријатие, како и против Г.Б. (52) и едно правно лице од градот, поради сомнеж за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „злоупотреба на службената положба и овластувањето“.

— реклама —

Бесправна градба

Според истрагата, јавното претпријатие, застапувано од З.Г., заедно со правно лице застапувано од Г.Б., изградиле објект од втора категорија, кој се користел како деловен простор, без издадено соодветно одобрение за градба од Општина Струмица.

— реклама —

Злоупотреба на функцијата

Поранешниот директор е пријавен и за уште две кривични дела „злоупотреба на службената положба“.

— реклама —

Во првиот случај, З.Г. склучувал договори за закуп на простор – настрешница изградена на зелена површина, и тоа со непосредна спогодба, без законски основ и без согласност од Општината. На тој начин бил оштетен буџетот на Општина Струмица, а ЈПКД „Комуналец“ остварил имотна корист во износ од 847.126 денари.

Во вториот случај, во периодот 2020–2023 година, пријавениот од истото правно лице вршел набавка на храна и угостителски услуги без спроведување на постапка за јавна набавка, спротивно на Законот за јавни набавки. Фактурите не содржеле детални податоци за тоа што е набавено, ниту постоела документација со која може да се потврди кои лица ги користеле оброците и дали навистина работеле прекувремено. Со овие дејствија, според полицијата, била нанесена штета на јавното претпријатие во износ од 307.800 денари.

Од МВР информираат дека случајот е целосно документиран и доставен до обвинителството за понатамошна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 10 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 11 час

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 11 час

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања