Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кривична пријава против висок функционер во МВР – осомничен за злоупотреба на службена положба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0
Скопје1.мк

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против лице со иницијали Љ.Р., поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ согласно член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Според пријавата, осомничениот, кој бил помошник на министерот за внатрешни работи и раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, ја злоупотребил својата службена функција со тоа што во повеќе наврати незаконски си исплатувал средства од буџетот на МВР.

— реклама —

Во текот на месеците јуни, јули, август, септември, ноември и декември 2023 година, тој одобрил списоци за евиденција на прекувремена работа и бонус плати за вработени во Одделот, при што и самиот фигурирал на тие списоци. Притоа, не постоеле писмени наредби со кои бил задолжен да извршува работни задачи подолго од полното работно време.

Со таквите дејствија, според внатрешната контрола, се стекнал со противправна имотна корист во износ од вкупно 116.748 денари – од кои 80.134 денари на име прекувремена работа и 36.614 денари како бонус плата за 2023 година.

— реклама —

Средствата биле исплатени на штета на буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштуваат дека предметот е доставен до Обвинителството за понатамошна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 11 час

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 12 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 13 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања