Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кривична против управителка од Крива Паланка: исплатувала 1.000 денари К-15 и објавила матичен број

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
dokument-administracija

К-15 од само 1.000 денари, договори што не постојат на хартија и матичен број објавен на огласна табла – ваква е содржината на кривичната пријава што ја поднесе МВР против управителка и фирма од Крива Паланка.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против В.П. (45) и правно лице од истиот град поради сомнение за „повреда на права од работен однос“ и „злоупотреба на лични податоци“.

— реклама —

Според полицијата, пријавената како управител на фирмата на еден работник му исплатила регрес за годишен одмор во намален износ од 1.000 денари. Дополнително, во повеќе наврати не биле изготвувани договори или анекси за вработување и престанок на работен однос во писмена форма, иако работникот во периодот од јули 2018 до октомври 2019 година имал повеќе прекини на работниот однос.

Воедно, не била водена уредна писмена евиденција за работното време, што, според МВР, претставува директно прекршување на Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор.

— реклама —

Покрај тоа, пријавената без согласност на работникот ги користела неговите лични податоци и не обезбедила соодветна заштита. Во еден документ истакнат на огласна табла во просториите на фирмата бил објавен матичниот број на вработениот, спротивно на законските одредби за заштита на личните податоци.

Со ваквото постапување, како што наведува полицијата, биле повредени и ограничени правата на работникот, по што ќе следува понатамошна постапка пред надлежните органи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 8 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 9 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 9 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања